Никола излезе од една тесна шахта, сиот испоганет и со чудно, скоро болно чувство во умот. Му беа потребни цели тринаесет минути да ја истресе прашината и калта од себе, озгора на сé имаше некакви ситни паразити и пијавици исполепени по целото тело, полжави и црвја, тоалетни хартии, гнасни пусулчиња, кал, остатоци од расфрлена храна. […]