Започнав со пишување на расказите нешто пред крајот на 2015, месец септември, во меѓувреме ми се јави Илина Каблова, новинарка од часописот Неа Лижка (некаков моден магазин), млада жена на свои триесетина години. Русокоса со долги нозе и сомнително познавање на литературата, сепак амбициозна и симпатична, со помалку наивен израз на лицето, претпоставувам дека на […]