Тротоар, списание за популарна музика и филм

Тротоар, нулти број, јуни 1993 ММ, Rage against the Machine, Lemonheads, Од македонските тротоари, It’s not only rock’n’roll (Slint vs The Roses), Bob Mould портрет, The Ramones – интервју, Suede – портрет, Македонски рокенрол, да или не?, Last Expedition – интервју, Од хрватските тротоари, Од српските тротоари, Резенции (Belly, Firehose, David Bowie, The Flash Eaters, […]

25-26 јули, Младински културен центар, Скопје

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да се потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во два дена. Вечерва во МКЦ е посветена на првата македонската поетеса Даница Ручигај, која трагично загина во земјотресот на 26 јули 1963. Даница Ручига е авторка […]

Ова се звуците на синоќешната вечер, понеделник наспроти вторник. Снимката е направена на полноќ, на мојот балкон кој гледа накај Партизанска; поточно, направена е на 11.07.2017 година во 00.19 часот. Не е лепена и монитирана, но е сечена на почетокот и крајот за да не се слуша како го спуштам и подигам вклучениот диктафон на […]

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, благодарение на актуелниот „Фестивал на музички документарци“, заедно со педестина љубители на филмот и музиката имавме можност да го погледнеме на големото платно во Кинотеката на Македонија. И додека на […]

режија: Stanley Kubrick

По освртот кон „Граѓанинот Кејн“, еве мал осврт и кон еден од најдобрите визионерски филмови во филмската историја, „2001: Одисеја во вселената“, кој следната година ќе наполни 50 години. Иако неговите главни креатори, Артур Кларк и Стенли Кјубрик, одамна не се меѓу нас, се надеваме дека јубилејот ќе биде достојно одбележан, на радост на фановите […]

режија: Ken Loach

Од нигде никаде, добивам мејл дека мојот работен стаж брои толку и толку години, месеци и денови. Уф, си мислам, државнава администрација конечно почнала да работи нешто за што сите граѓани ја плаќаме. Сепак, нешто не ми штима. Забележувам дека фалат година и некој месец стаж. Одвојувам време и влегувам во бирократскиот државен лавиринт. И […]

05-25-62-2017MK

ПИСМО ДО ТЕБЕ Господине Лукас. Навистина се противам на вашата најнова одлука да ја зголемите мојата плата. Руди веќе неколку дена не јаде, постојано гледа низ прозорот, како да сите бродови му потонале. Госпоѓата Вера е добра, непрестано ме задева и мислам дека еден ден ќе напишам мала комична новела во нејзина чест. Како да […]

Mashallah Plan: VIRILITY EP

Извинете на германскиот, ама zwischenzweit. Во оваа есхатолошка ера, каде што ЦИА, во соработка со хорот Beelzebub’s Crematory, добија пристап до сите наши медицински досиеја, пожолтени љубовни писма и искористена тоалетна хартија, нашето месо и коски станаа потранспарентни од тропски туристички аквариум кој служи како замка, дозволувајќи ни нам – затворениците на лажните пророци на […]

интервју со Александар Драгаш, последниот рок критичар

Од појавата на рокенролот, во најшироката смисла на зборот, паралелно му се приклучи и музичката критика, давајќи му вредносен суд, анализа и евалуација на предностите и мааните на музичкото дело. Критиката некогаш претставуваше посакувана состојба, денес е помалку или повеќе професија во изумирање. За музичката критика денес и некогаш, враќањето на винилите, победата на стримингот, масовната конзумеристичка публика, спрегата […]

Од оваа перспектива, Songs about books and flowers го гледам како кулминација на лудите и креативни 90-ти, во кои македонската андерграунд сцена ги живееше своите ѕвездени моменти. Секако дека имаше и други бендови и албуми кои го рефлектираа бурното време на раѓањето на новата нација, но The Hip се чини отидоа чекор понатаму, можеби зошто се […]

Load More