Здраво Млади демо [Направи Заедно/Критика 006]

  И двете [Both] http://kritika.mk/wp-content/uploads/2015/05/Bernays-Propaganda-I-dvete-Zdravo-Mladi-demo.mp3   Сакав да се заљубам [I wanted to fall in love] http://kritika.mk/wp-content/uploads/2015/05/Bernays-Propaganda-Sakav-da-se-zaljubam-Zdravo-Mladi-demo.mp3 Музиката ја напиша Атанасоски Васко Текстовите ги напиша Горовска Кристина Аранжмани: Bernays Propaganda Горовска Кристина – вокал Атанасоски Васко – гитара Павловиќ Саша – бас Крстев Дени – ритам програминг Снимено, миксано, продуцирано и мастерирано од Крстев Дени […]

кон “Експеримент” во режија на Јане Спасиќ, Артопиа, 2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.” Иако не е […]

The Letting Go

Тешко е да засакаш ваков албум? Или можеби не. Полн со парадокси, какво е всушност и постоењето на Bonnie “Prince” Billy практично го дава и одговорот… границата која ја дели оваа дилема е тенка, просто невидлива. За Will Oldham, (вo оваа прилика) Bonnie ‘Prince’ Billy и неговите соголени, напросто вулгарни квалитети навистина нема потреба да […]

Black Messiah

Замисли си згоден и талентиран маж, а толку емотивен и самосвесен, што една од причините за повлекувањето од јавниот живот му е сознанието колку е објективизирано неговото тело! Со задоволство можам да соопштам дека постои. И имаше еден од поубавите албуми што излегоа кон крајот на 2014-та, а се слушаа тековнава. D’Angelo објави албум последен пат […]

Фестивал за современи уметности

  Јубилејното 10-то издание на АКТО фестивалот за современа уметност кое годинава ќе се одржи од 14 – 16 август во Битола се организира без никаква финансиска поддршка од општина Битола. Фестивалот кој во текот на изминативе девет години добиваше различна сума од општина Битола, оваа година ја креира програмата со нула јавни пари. АКТО […]

Австриското прогресивно рок трио „Phi“ ќе ја започне својата европска турнеја во август промовирајќи го нивниот најнов албум „Now the Waves of Sound Remain” кој беше издаден од страна на „Gentle Art of Music“ минатата година. Бендот ќе настапи во Скопје на 24 август во Хавана заедно со бендовите „Vizija“ и „Kolt“. По нивното формирање […]

Интервју со Алисон Клејман

Фото: Андреа Чу, Моник Волшлагер, Тед Алкорн   Документарецот насловен „Аи ВеиВеи: Не жалам“, на американската независна новинарка и режисерка, Алисон Клејмен, е еден од најголемите фестивалски хитови од овој жанр. Тоа е приказна за животот и работата на еден од најпознатите светски уметници, кинезот Аи ВеиВеи – најжестокиот критичар на кинеското општество.   Клејман […]

Oversky Balkanishe Re-Form

Сигурно сте забележале дека „реформа“ е омилениот збор на нашите политичари во текот на целата транзиција, а неговата употреба особено се зголеми откако станавме „земја кандидат“. Ама и самите знаете дека домашните „претставници на народот“ обожуваат да најавуваат промени, да објавуваат битки и да се соочуваат со големите зла, но од конкретни резултати, бегаат како […]

Bill Skins Fifth

Кога создаваат нешто навистина оригинално, музичарите знаат да станат претерано сериозни за свое, но и за доброто на обожавателите на нивниот материјал. Изразувањето идеи во форма целосно спротивна од обичното поп-пакување бара голема доза на зрелост, меѓутоа, голем број од групите кои почнале да газат на овој пат, на половина од дестинацијата се претвораат во […]

Lo-Lee-Ta-Too

Законите на музичката „физика“ отсекогаш ги ограничувале или популаризирале вистинските креативци. Ако дозволиш, силната поп-гравитација ќе те одвлечка на уметничкото дно, ама затоа ќе те вивне во стратосферата на комерцијалниот успех. Доколку, пак, решиш, од корен да му се спротивставиш на „звучниот Њутн“, авторското јаболко ќе созрее, но ќе тресне наземи и ќе изгори во […]

Load More