Samiyam / Josip Klobučar / Sunny Sun / Freeverse / Čunfa / Borka во живо

Гала Хала, Љубљана

Љубљанската Гала Хала оваа сабота беше зафатена од гранде битмејкер цунами, во темниот клуб на Метелкова пристигна еден од најпознатите жители на Лос Анџелес – Samiyam, заедно со неговиот Roland SP-404. Настанот го брануваа и Sunny Sun, Freeverse, Чунфа и Борка, додека своја промоција вечерта имаше и Јосип Клобучар. Како да испорачаш тон битови во пет часа а притоа да не станеш здодевен? Љубопитно отидов да проверам како.

 

фотографии: Petra Švajger

 

Голема маса од тектонски хармонии во изопачено гласна бит детерминанта од еуфорична кинетичка енергија – би биле суперлативите кои можат лесно да ја опишат несекојдневната атмосфера во малата Гала Хала. Точно е, настапите беа too bassfucking loud, но така треба да биде. „Празник на битови“ – го нарече некој и тоа во голема мерка навистина мирисаше на филигранската умешност на комбинаторика на електронски битови и пулсирачка бучава. Сè започна веќе во 23 со младиот локален перспективец Sunny Sun, манипулирајќи со неговите две грамофонски алатки кои веќе ги доближија немногубројнате намерници поблиску до бината. На полноќ стартува Чунфа, апстрактен битмејкер од Копер/Словенија со завидна дискографија зад себе, но и завидна умешност во комплексноста на изведбата на неговите минијатури.

jk

1:00, Гала Хала е веќе наполнета и е во исчекување на настапот на Јосип Клобучар и промо-презентирањето на неговиот последен EP “Bad Taste“, издаден под покровителство на дискографската работилница Rx:tx. Јосип е ветеран на сцената, растејќи во загребско музичко опкружение, свирејќи кларинет во музичко школо, Јосип дошол во контакт со џез и рок плочите на неговиот татко и заедно со хип хоп, соул и електронските плочи во сопствената колекција започнал со компонирање, најпрвин под името Rough & Ready и веднаш со свое прво издание 2004 како дел од компилацијата Panorama – Nu Europa Phusion. Оттогаш настапува како Јосип Клобучар, издавајќи свои изданија за респектираните 4lux, Eklektik records и Svetlana Industries. Вечерта го промовираше своето штотуку реализирано extended play издание Bad taste, прво негово по мини-албумот Fallback Functions во 2011. Веќе во првите тактови на настапот голема „злобна“ атмосфера од битови и slug хармонии го завладеа малиот простор на Гала Хала, презентирајќи едноминутни колажи од филигрантски битови кои со својата херцажа одлучно ги напукнувше темелите на клубот. 45-минутниот школски апстрактно-психоделичен час на Јосип го прикажа како ексцентричен битмејкер кому експериментирањето е порив кој ги движи жив и енергично стабилен. 100 среќни лица во публиката. 100 среќни лица кои играат. Sub bass-ови. Силни sub bass-ови. И трева. Многу трева.

sc

Некаде на крајот на настапот на Клобучар, од бекстејџот на бината истрчува Sam Baker, за сите нас таа вечер пзнат како Samiyam, здушно поддржувајќи го настапот на колегата му Јосип, на другиот крај на бината подготвувајќи се за својот 90-минутен настап. Заклучувам дека ова е ретка можност да се види овој извикан американски хип хоп продуцент. Да потсетиме: Samiyam своето прво издание го има 2008 – Return EP за Hyperdub, а истата година и Rap Beats Vol. 1 за Brainfeeder. За истата дискографска куќа – Brainfeeder, сопственост на Flying Lotus, во 2011 го издава деби албумот Sam Baker, за две години подоцна да се појави касетното издание Wish You Were Here, за Leaving Records. Но, неговиот најнов албум Animals Have Feelings беше очигледно пикиран за вечерашниот настап, заедно со златното правило за овој концерт – ако не си подготвен дека ќе биде гласно воопшто и не доаѓај. Samiyam веќе ја загрева својата семплерска работна станица Roland SP-404. Она што следуваше беше грандиозна прошетка по дискографските пикови на Samiyam низ годините, неколку new sheets, како и посвети на неколку негови блиски пријатели, како Ras G, да речеме. Samiyam е музички храбар и си дозволува да нè однесе во помалку „забранетите“ бит територии, елегантно напластувајќи бит на бит кој магловито гравитира во полната Гала Хала. Неговиот минималистички аудио инженеринг е веќе добро познат – само еден бит + само една фраза, неговата хип хоп електроника не е стекнат став, поза и гламур, туку напротив, есенција на битот како убедување на музичарите од, првенствено западниот американски брег, каде битовите се конвертираат во импресионистички  нов контекст. Од церемонијална, Samiyam ја претвора атмосферата во интимна, сосема доволна за кулминација на вечерта, која набрго потем ја затвора Freeverse, кој рекреативно го привршува ритуалот.
Битовите татнеат, на мобилниот е 4:30, заминувам задоволен. Да.

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...