Shobaleader One во живо

Кино Шишка, Љубљана

Tom Jenkinson, на електро-светот подобро познат под псевдонимот Squarepusher, минатиот петок со својот последен „покриен проект“ Shobaleader One во љубљанската Kino Šiška приреди селекција на класиците од репертоарот на 90-те и времепловеше воглавно во годините кога и го започна своето музичко патување на планетава, за кое, би рекол Том – „во суштина беше знак на протест против електронска музичка сцена која стана застоена и гниеше во 4/4 оди славејќи ја гаражната електроника“.

Shobaleader One, Kino Šiškaфотографии: Миха Фрас

 

Да назначам: вечерта во полната мала Комуна хала на Кино Шишка беше сосема носталгична по звукот на 90-те, по Warp Records, но и по интелигентната денс музика, „тој надуен термин кој во 90-те имаше тенденција да направи разлика помеѓу електронската музика од тие години, која беше еднакво пријатна за подиум колку и за во дневна соба. Со текот на времето IDM-от се здоби со прилично негативен публицитет меѓу публиката, вклучувајќи ја и легијата на музички продуценти и фанови чие отфрлање од заедницата го предизвика прашањето дали тие всушност создаваат глупава музика“. Но, за оваа прилика настапот на продолжената рака на Squarepusher имаше подлабока симболика. И би рекол, чувство на тонско снимање на пеколот.
Squarepusher на шестжичен бас, Strobe Nazard на клавијатури, Arg Nution на гитара и ритам диригентот Company Laser, со 45-минутно задоцнување се појавуваат на сцената и без поздрав отвораат со класиката Coopers World од сега веќе легендарниот албум од 1997 – Hard Normal Daddy. Што е различно по 20-те години од Hard Normal Daddy?  Тогашната дигитална перверзија овојпат е имагинативно заменета со класичен четириинструментален ансамбл кој органско скршените ритми ги вметнува во една општа прослава на рејвот, во сите негови облици, со нагли промени на темпото, како во некоја вселенска играчница. Звукот е  сега демонстриран во изобилство и е строго во рамките на раздвижен спејс-фанк-рок-џез, целосно куриран од Том Џенкинсон. Со футуристички LED маски и темни облеки на себе, Shobaleader One на прва оставаат впечаток на наивно роботска персонификација, но зад маските тече пот, хемијата е чисто човечка и таа не може да биде создадена преку диодите. Незапирливо агресивни и со постојани ритмички преместувања, квартетот претстави избезумена жива фузија на репрезентативниот класичен необременет репертоар. Беше тоа екстатичниот Squarepusher каков што требаше да се види и слушне.
Shobaleader One свиреа час и половина, рамнодушни – немаше.

Shobaleader One, Kino Šiška

05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...