Казимир

Кај Анџела [Критика 027]

KAD

1 Кај Анџела 50:50

free download @ kritika bandcamp

 

На меѓународниот ден на жената – за феминизмот и интерсекциската перспектива и зошто ни се потребни повеќе од било кога, за интернационалноста на движењето против постоечките сили на моќ и опресија, за паразитизмот на капитализмот врз нациите држави, а во нивно име, зошто кога капиталот се движи преку границите тоа е успех а кога луѓето се движат тоа е криминал, за Трамп и Хилари и што може следно да се направи, за социјалната правда и зошто иднината, колку и да е неизвесна, мора да има компонента на социјална правда, за поврзаноста помеѓу казнениот систем, расизмот и изборните колеџи, за потребата за радикализација и отпор повеќе од било кога и потребата за нови начини на отпор, за времето на движења полни со лидерство а без лидери – со Анџела Дејвис, активистка за граѓански права, феминистка, социјалистка, гласноговорничка за реформа на казнениот систем.

Снимено на 8.3.2017 во 13 часот во Градското собрание на Белфаст / Северна Ирска, со Sony ICD-UX533.

19.04.2018

„Кралот на Бетајнова“ режија: Милан Нешковиќ, улоги: Ненад Јездиќ, Војин Ќетковиќ, Никола Ракочевиќ, Милена Живановиќ, Анѓелка Симиќ, Небојша Миловановиќ, Михајло Јанкетиќ, Мина Обрадовиќ   Цанкар ...

09.04.2018

Трите термини на големите холивудски студија за пласирање на своите нови блокбастери се Велигденските празници, летото и Божиќните и Новогодишните празници. Првиот од нив мајсторски ...