Демек

На вечера кај субординансот Апокалипсо [Критика 024]

d_nvksa

 

1 На вечера кај субординансот Апокалипсо 11:21

free download @ kritika bandcamp

 

 

[ . . . ]
[ да, јас сум тој од рекламите ]
На вечера сум кај субординансот Апокалипсо
Изгубен во сопственото Јас
Со пораки лажни
Чекорам по улиците на овој град, можеби е Рим
Бабилонот во кој ги повраќам со гадеж
Грозен
Вилиците свои
Полни со гар
И саѓе
[ . . . ]
Полноќно бдеење на пречесната Елизабета
Две црни очи во мракот
На земја свеќа гори
Под неа кафе
Неиспиено
Дим од цигара
Неколку клечки да го осветлат патот
На пречесната Елизабета
Две раце кренати кон телот
Тражат милост
Во темните куќи на Елизабета
„Следниот пат понеси цигари со себе
Кога ќе тропнеш на врата
Дај ми ливче да те гласам“
Изговара во мракот
[ . . . ]
Патување на летечкиот килим веднаш до тебе
Еден е подобро од двајца
Двајца е подобро од целиот свет
Еден свет подобар од целата вселена
Луѓе како суви плодови патуваат со бројки во умот
Скандалозен исцедок во мигот кога сонцето го зачна новиот ден
По волја на оној што владее горе
Кому еднаш Ева од вината трогната му рече
Што зборови изусти, Адаме престрог
Преварата змиска со светнат врат од зелено злато
И јас би гласал Ооо Велможи за отворена војна
Саѓосан од сулфур
Подобро отколку бедни да лунѕаме
Низ вечноста
Реприза на минатогодишниот сон
Заразени од мисли
За сите пари на светот
[ . . . ]
А зошо ни праат војна на сред филмски фестивал?

 

[…Една вечер бевме поканети на таинствена вечера кај субординансот Апокалипсо. Изненадени бевме од неговата гостопримливост и рафинираност, воедно. Откако вечерата заврши, тој  повика еден летечки килим од неговиот чифлик за  да не врати повторно во градот Скопје. Набргу од височина можевме да ги видиме ридовите и зградите на скопската котлина, полна со ноќни светла и влажни сништа. Килимот застана токму меѓу железничката и двата  штотуку изградени објекта на една ширина. Прикрадувајќи се, забележавме една стара жена како вражи и предвидува. Ни говореше за сите пари на светот, за проституцијата на духот, за Светиот Завет, за Адама и Ева, за сето време колнејќи. Трампаше и трумпаше по нас додека очите и светеа со демонистички сјај.  Избори се ближат лажни, вели таа; ни говори Апокалипсо. Ќе исчезнело сонцето, армии на ангели ќе го изрушеле овој свет. Случајно или не, залунѕавме до реката Вардар па се удривме со камен по глава. Да размислиме… можеби пристига вистинскиот крај? Можеби сите сеништа се ослободени од тегла и не вознемируваат со некакви искривоколчени и зли мисли. А можеби е сè сон, како на летечкиот килим. Можеби сè е една гротеска и заробеност на мрачниот Мефисто. Лингерија за некаков филмски фестивал. Сепак, оптимизмот никогаш не исчезнува додека дишеме, бидејќи и нема ништо поважно, од дишењето…]

Продукција: Манчевски & Павловиќ
Музика: Саша Павловиќ
Зборови: Владо Манчевски
Конферансие: Јован Миовски
Снимено, миксано и продуцирано од Жарко Пејковски Ж’ба
| ноември 2016 |
13.12.2017

М о ј о т   л и ч е н   С у п е р х и к (с)     Кога нештата се случуваат ...

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...