Една песна не знаеме да ја отсвириме двапати

На проаѓање со… Игралом

[ ]

Дискретно и без големи најави, Игралом пристигнаа на српската алтернативна сцена со нивниот деби албум „Погрешна познанства“. Скопје ќе ги види за првпат во живо веќе утре во Младинскиот културен центар. На проаѓање разговаравме со вокалистот/басистот на Игралом – Димитрије Симовиќ.

i

Кои се Игралом?
Игралом е музичка група која се состои од Младен Марјановиќ на гитара, Марко Томовиќ Томке на тапани и Димитрије Симовиќ – бас и вокал.

Како дојде до вашиот нов бенд, околу која идеја се собравте и која беше почетната мотивација, вие заправо во минатото свиревте во други бендови.
Младен имаше чудна идеја – гитара во баритон штим, бас подлабок отколку во стандарден штим и тапани во распон на двете гитари, па и повисок на моменти. Идејата се чинеше интересна, како некој пред-продукциски момент, технички калап, во кој планиравме да ги налиеме душите на неамериканизираниот – западнафрикански блуз и redneck moonshiner-от, слудени на бенџо кое дисторзира. Да, бевме во различни бендови, но треба да се напоменат овие во кои нашиот тапанарот сè уште пржи – Bokal oseća stvarnost и Limbo.

Од каде идејата за името?
Името на бендот беше избрано по звучност во споредба со другите предлози. Откако ги прочитавме предлозите наглас, сфативме дека синтезата на игра и лом, која со овој збор се сугерира, најдобро го опишува тоа што бендот сака да се постигне.

Како музички би го опишал вашиот деби албум?
Музички е напишан и на тој начин опишан, а вербално вака – најверојатно како шесттонски камион кој ги редистрибуира пустинските мантри и вражбини, водејќи го ритуалот на песната еден чекор понатаму, кон мрачната американа, па и понатаму низ интимните јазли на секој член поединечно.

Што се крие зад „Погрешните познанства“?
Се крие, до самото појавување на песната „Погрешни познанства“ од албумот, тенденција со првенецот на бендот да се филтрира корпусот на нашите познанства, да се исечат непотребните опашки и така релаксирано и хеуристички да се скокне во бездната на музиката.

Нишката сцена многупати беше во сенка на хајпуваните сцени од поголемите српски градови, дали е сè уште така?
Не сум сигурен дека е така, иако можеби и е. Српскиот јазик има збор за змија која е во постојана потрага по сонцето и ја избегнува сенката и ладовината – „присојче”. Е, Игралом е присојче.

Кога е музиката во прашање, дали е денека воопшто можно да се биде оригинален?
Можно е, но не треба да се оптоваруваш со формата и интерпретациите на туѓите песни на другите луѓе на начин што поблизок на оригиналните песни. Во атмосферата на песните се заоѓа со емоции, а не со техника; тоа е патот „кон внатре“ и колку е човекот поискрен на тој пат и што поуспешно се спротивставува на сè она што на тој пат сака да го уплаши дотолку повеќе јасно ќе ја види светлината и ќе го слушне својот звук.

Во што се разликуваат вашите настапи во живо во однос на студистикте снимки?
Сфативме дека една песна не знаеме да ја отсвириме двапати. Конструиравме скелет, но енергијата која управува со животот на тоа наше битие секогаш има единствена манифестација. Студиската снимка е некое дамнешно „сега“, но секој настап во живо е новото „сега“, во кој неповратно се случува нешто што и самите не знаеме како го контролираме и дали воопшто го контролираме … а притоа, добро звучи.

Утре за првпат сте во Скопје, заедно со Палиндром и Репетитор, кои ви се впечатоците, што да се очекува?
Едвај чекаме! Долго време се надевавме на настап во МКЦ. Репетитор е сјаен бенд и ќе биде прекрасно да се дели бината со нив. Мислам дека на луѓето им се подготвува еден енергетски бран, како и добра забава, а нас ете нè наскоро – свежи и подготвени за сè што со акумулацијата се наговестува.


20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...

Chick Corea Elektric Band - концерт за паметење!

03.07.2017

Одлична, виртуозна свирка, убава музика, многу енергија на сцена, насмеани лица од другата страна на подиумот, врвно озвучување… Ова се првичните реакции за концертот на ...