С.А.Ф.

Сафизам

SAF

По двегодишно талкање, националните рап-херои САФ (Сакам афро фризура) ја обелоденија својата деби стихозбирка од 18 умотворби – Сафизам (во дослух со вредната дискографска работилница Профундус и неколкуте неизбежни спонзори) промовирајќи го на 26-ти април 2000 во скопскиот клуб Сачмо пред двестотини лојални почитувачи на нивниот звук кои, патем беа изненадени со кратката, пеоколно „сафроистична“ и во полн ефект изведба на Сафари, сега засега, нивен прв официјален сингл кој веќе одамна има и своја саркастична видео поддршка.
Саф ја (до)издржаа мртвата трка во турбулентниот македонски субкултурен фолклор, испочитувајќи си го дадениот збор на рапот – „на верност до смрт“, а нивната сторија е помалку или повеќе позната – трио формирано 1993 година, а во ова меѓувреме неколку култни скопски (па и национални) хитови кои ги лансираа во домашни рап семоќници. Иако осмислени и реализирани (дури) 3 години, сé уште оправдано стојат неколкуте тони цинизам на Сафизам, вперени кон нашата „нова и транзициска“ Македонија. САФ устабашиите Смилен и Пикисипи со нивната урбана трибунална поезија и раскошните скреч бравури на „јавачот на плочи“ Гоце, се главниот адут на Сафизам. Каласичното „Интро“ ве препушта на Смилен: „Почеток! Сега изгрева нов ден, на мојот предмет сега јас сум асистент…“ со надалеку познатите „Скречови на винил а не пластика“ од нивната стиховна гимнастика, бидејќи револуционерот те удира со бас. Тројниот пакт Смилен-Гоце-Пикисипи со нивниот стиховен експертизам признава: „Ние за рими си имаме потреба“. „Револуционерот“ е следната гооолема САФ песна (ех, а можев да бидам засекогаш дел од неа), а по неа најпопуларната Мис Стоун, која пред 5 години суштински им ја отвори вратата. „Патот од рапер до ЕМ-СИ се вика еволуција, ќе потсети Пикисипи, додека СМилен (на секое појавување) ќе биде уверен „како да знам дека успеав со групата САФ“. Првата половина на Сафизам сценариото се најзрелите песни на САФ. Петтата стихотворба е тревожната „Фатаморгана“ – Мојте дни знај тажни се, тажен сум и јас, ме буткаат до ѕидот да го дадам својот глас, а животот е пекол, без пари, а со бистар ум, Oазата на мирот за мене е пандемониум…“, а по неа болно реалната „Скопска ситуација 98“ – „Што смислија? Квази-демократија, прифати ја, одговорноста, на ти ја – дај ми ја…“. Следува јаве-сон трипот на Пикисипи „Црн петок за…“, па и отворената сезона за лов на лажни рапери – Сафари: „Работата е тешка, некој мора да ја прави, кога рецитирам, сечам глави“.
Провокацијата на ферманот на Сафизам е еден и единствен: „И морето да е мастило а небото хартија, нема да можам да ја опишам целата гомнарија“ – вели остриот јазик од Чаир – Пикисипи , а сеизмичкиот Смилен – „Па што и да било истекува мастило, оти хартијата го трпи и тоа што не и е мило“.
Потребна е промена? Да.

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...

Chick Corea Elektric Band - концерт за паметење!

03.07.2017

Одлична, виртуозна свирка, убава музика, многу енергија на сцена, насмеани лица од другата страна на подиумот, врвно озвучување… Ова се првичните реакции за концертот на ...