Дивизија

Стереотип

Првата асоцијација кога ќе ви кажат Струмица, веројатно ќе биде нешто околу македонска политика, ендемичните називи за најдобриот зеленчуков пар – „чушки и френки“ или нешто сосема трето. Во таа категорија, спаѓаат токму момците Дивизија, кои ако сте хип хоп фан, почитувач на алтернативен музички израз, оправдано би требало да ви бидат прва асоцијација кога ќе слушнете Струмица. И не само тоа, досега веројатно треба и наизуст да ги знаете уметничките имиња на момците кои стојат позади Дивизија: Chronic, Farse, Bandit, Kinder и Kiskinov. Токму овој состав удира на македонската хип хоп сцена со ново албумско остварување, второ после 2 годишна пауза од албумот насловен „Втора Шанса“. Овој нов албум го носи насловот „Стеретип“ и ако се стави контест на нивното претходно творештво е линеарно продолжување на нивната творечка крива, во однос на лириката, продукцијата и видео обработката. „Стереотип“ е составен од 20 нумери за кои ќе треба да одвоите 65 минути.

divizija

“Стереотип”во контекст на хип хопот кој го претставува, првенствено музички е ортодоксен, конзервативен албум – во контест на тоа што е доследен на „бум бапот“ и „златната ера“. Иако е издание кое доаѓа во време кога од дргата страна на големата бара хип хопот се фузира со други музички стилови и улични култри, тоа нема рефлексија кај момците од Дивизија. Ова е албум посветен на почитувачите на искрениот, тврд звук, кој најдобро се восприема низ гласно пуштени слушалки и качулка преку глава.
Продукциски и музички овој албум звучи многу „раперски“. Освен еден скит (од култниот филм Тетовирање) и нумерата „Сè или ништо“, остатокот од албумот е во очекуваната рамка од апскет на „бит и семпл“, што за мене е сосем во ред. Одговорноста за битовите во најголем дел е на Кискинов кој има двојна улога, вокал и продуцент, додека пак на две траки како продуценти гостуваат DJ Goce (19. “Разлика”) и Fundament (8. “Ланец”). Мастерингот е на DJ Goce.
Албумското остварување на Дивизија го отсликува непишаното правило на рапот – колку е полоша општествено-социјалната состојба, толку е подобар рапот. Момците црпат инспирација од секојдневието и средината во која се движат. Иако без претереано отворени референци, сепак недоволно скриено праќаат пораки и согледувања за ситуацијата во која се наоѓа земјата и како околината влијае врз нивните животи. Тематски е микс на нихилизам и резигнираност кон појавите кои се проткајуваат низ општеството во целиот период на независно битисување, избалансирано со доза на непоправилив оптимизам помалку или повеќе типичен за ова поднебје.
„Ланец“ е една од најдлабоките нумери на овој албум, најмногу поради фактот шо обработува тема која е горлив проблем на овие простори од „Тешкото“ па наваму – иселување и печалба. Веројатно највпечатливиот, болно- вистинит, рефрен на овој албум- „Сите си одат, се водат за рака, создаваат ланец од мака“. Прилично импресивна нумера е и „Никогаш доволно“, во која заедно со Тонио Сан од Грин Аут/Легијата ги обработуваат човековите пориви за успех и болна амбициознот, етичноста и трудољубивоста. Интересен е начинот на кој Тонио ја завршува својата строфа – со збор за „надвор“ типичен за југоисточниот дијалекти на македонскиот јазик – „Без сомнеж ниту тронка, сите други што ве ебам, марш, ВОНКА!“. Одредена доза на оптимизам и романтичарска мисла дека нештата може да тргнат на подобро може да се забележат во „Виновна“, „Правила на игра“, „Разлика“ и „Подобар ден“. Ова е надополнето со двете емотивно најобременети траки – „Последна песна“ и „Сè или ништо“.

 

 
Носечката нумера на албумот е насловена исто како и албумот – „Стереотип“ за која има снимено прилично квалитетен видео запис. Рефренот е повторлив и доволно едноставен и меморабилен за да биде хајлат на настап во живо и проследен со посакуваното ехо од публиката.
Она што лично ми недоста во албумов е барем една нумера цела на струмички дијалект, кој според неговата специфичност и игривост би можел да даде интересно парче музика (рап). И тоа би можело да биде некоја навистина весела фанки нумера, само сугестија. Можеби во некое ново албумско издание, дотогаш „Стереотип“ е доволно добар.

 

 

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...

20.11.2017

На претпоследната вечер од годинашниот „Синедејс“ имавме несекојдневна можност да го гледаме долгометражното остварување едноставно насловено „Хармс“. Се работи за, воопшто, првиот игран филм за ...