[изложба] Бежан во 70-те

1-28 ноември Галерија МКЦ

[ ]

Изложба на слики, цртежи, скици, фотографии, перформанси, body art, ситна пластика и проекции на слободниот уметник Драгољуб Бежановиќ Бежан, насловена како „Бежан во 70-те“ ќе биде свечено отворена на 1 ноември во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Bezzan

За самата изложба Бежан ќе каже: „Да се изложат дела пред јавноста направени во почетната истражувачка фаза на творештво пред 40-45 години бара самоувереност, решителност и храброст но во исто време ги потврдува вредностите на некои од остварените дела. На оваа изложба „Бежан во 70-те“ ќе бидат изложени слики, цртежи, скици, фотографии, перформанси, body art, ситна пластика, проекции. За миг ќе се вратиме во времето на хипи периодот и сексуалната револуција, “UFO” концептот и панкот, музиката, дрогата, ќе се вратиме во периодот „без“ Facebook, Internet, You Tube и др. Тоа е време на идеализам и експерименти, оптоварено со желба за ослободување од стеги од секаков вид и лажен малограѓански морал.
Оваа изложба ќе се отвори точно после 30 години од моето последно претставување во Македонија во 1987 во „Центарот за култура и информации“ во Скопје. Но, исто така повеќе од 42 години од мојата прва закажана самостојна изложба во, тогаш „Дом на младите 25 мај“ (МКЦ), кој без конкретна причина се откажа, иако плакатите беа веке испечатени.
За еден млад уметник на почетокот на уметничката кариера е тоа голем емоционален удар и разочарување, а посебно со фактот дека таа галерија беше единствената каде младите мошеа да изложуваат. Затоа, на ова моја изложба во ноември „Бежан во 70-те“ ќе бидат изложени дела кои воглавно беа предвидени на неодржаната изложба тогаш и фактички таа ќе се отвори годинава после 42 години со посебно емоционално значење за мене.“

Бежан е роден 1951 во Крушевац, Србија. Одвај го завршува Училиштето за применета уметност (графика) во Скопје, додека Педагошката академија ја завршува за една година. Од 1975 до 1990 бил член на ДЛУМ. За себе вели дека награди и одликувања нема, а нема ни да има. Во моментов работи и живее во Wijchen, Холандија.
Од 70-те па се до денес успеал да опстане како слободен уметники и да се прилагоди на условите без да отстпи во целина од своите принципи. Во 45-годишната уметничка кариера работел во повеке ликовни дисциплини: слики, графики, монотипии, цртежи, скулптури, објекти, ситна пластика, перформанси, хепенинзи, ликовни акции, боди-арт, портрети, карикатури, илустрации… Ликовното творештвото на Бежан во 70-те години е нерзадвојно од творештвото со Милош Коџоман и тие често работеле заедно на едно исто ликовно дело. Заедно со Милош Коџоман ги прават и првите перформанси, хепенинзи и боди-арт-ови во Македонија.

Bezan 1968B1B2B3B4

Гогита и Мака – трезвена грузиска романса на свежа августовска македоксовска вечер
кон документарниот филм „Новиот живот на Гогита“

23.08.2017

Во едно сакартвелско зафрлено место се испреплетуваат приказните за животот после децениски престој во затвор, за важноста на семејството, виртуелните врски и нивното преминување во „вистинскиот” ...

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...