Светска премиера на „Црнила ремикс“ на фестивалот „Здраво Млади“

1 септември 2018, МКЦ Скопје

[ ]

Фестивалот на нова музика Здраво Млади на овогодинешното издание на фестивалот на 1 септември во Младинскиот културен центар во Скопје ја најави светската премиера на театарската претстава „Црнила ремикс“.

crnila remiks

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на „Зад Аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата. Идејата и режијата е на Јордан Симонов, музика и препевот на Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“). Улогите ги толкуваат: Стефан Вујисиќ како Луков, Александар Михајловски Хонда како Фезлиев, Владимир Петровиќ како Иван, Горан Ников како Методи, Ненад Анѓелковиќ како Младичот, Сања Арсовска како Неда и Павле Димковски во улогата на Христов.
Асистентот на режија е Виктор Рубен, сценографка и костимографка е Илина Ангеловска, видеото е на Милан Блажевски, дизајнер на тон е Симон Кипровски, дизајнер на светло Илија Тарчуловски и графичкиот дизајн е на Бисера Михајловска. Фотографиите се на Кире Галевски.

На годинешното издание на Здраво Млади ќе имате можност да ги видете и слушнете следните изведувачи: Cigarettes After Sex (САД), Wooden Shjips (САД), Repetitor (Србија), Blanck Mass (Англија), Flohio (Англија), Palindrom (Македонија), Eric Copeland (САД), DJ Fitz (Р.Ирска), Donplaya X Bon Praskiza (Македонија), Druggy (Македонија), Ogie x Petr (Македонија), Црнила ремикс и 5+ Бенд.
Билети за фестивалот Здраво Млади во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ по цена од 600 денари. На денот на фестивалот цената на билетот ќе изнесува 800 денари.


 

19.11.2018

Поетскиот ангажман на Лидија Димковска има една in flagranti конотација која интригира и восхитува. Поетскиот ракопис „Црно на бело“ започнува од едноставен бел стих, а ...

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...