Illa J со настап во живо во МКЦ

10 февруари 2018 МКЦ

[ ]

Funky Fresh и Младинскиот културен центар го најавуваат гостувањето на Illa J кој со настап во живо ќе се претстави на скопската публика на 10-ти февруари во Денсинг салата на МКЦ.

IJ-mkc

10 февруари во хип хоп-от е датата на која нè напушти еден од најголемите. На тој ден 2006 година, музиката остана без James Dewitt Yancey – J Dilla. Годинава, на 12-годишнината од неговото прерано заминување, Funky Fresh во соработка со МКЦ го најавува Illa J (Детроит, САД), помладиот брат на J Dilla, член на Slum Village и Yancey Boys, пеач, рапер, продуцент, музички автор, добар на микрофонот, на MPC-то, на грамофоните, на клавијатурите и на бас гитарата. Во својата 9 годишна кариера има два соло албуми, два албуми со Slum Village, еден со Yancey Boys, два EP-ја, два официјални микстејпи и многу гостувања (J Dilla, Bishop Lamont, Black Milk).

Illa J ќе се претстави пред нашата публика со настап во живо, микс од „живи” инструменти и “dj” инструментали. Во склоп на вечерта очекувајте и специјален J Dilla “MPC” перформанс од битмејкерот Nin Vibe (Raw’n’Wicked, Скопје), а боите на Funky Fresh вечерта ќе ги „бранат” со свои “Dilla” сетови DJ ChvareDJ Drazi Drags и Гоце (С.А.Ф.).

Настанот ќе се одржи во Денсинг салата на МКЦ, на 10 февруари 2018, со почеток во 22 часот. Цената на билетите, од 1-ви јануари 400 денари, а на самиот влез, 600 денари. Билетите ќе можат да се набават и во продажната мрежа на mktickets.mkkupikartizase.com и на билетарата на МКЦ.

 

 

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...