Електронското дуо Evil Nine вечерва со концерт на Cinedays

11 ноември 2017 МКЦ 23:00

[ ]

Култното англиско електронско дуо Evil Nine вечерва настапуваат во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на музичката програма на Cinedays.

EN

14 години турнеји низ светот, два албуми, безброј ремикси, појавување во холивудски филмови, компилација и резиденти во Fabric Live, се само дел од богатата историја на електронското дуо од Brighton – Evil Nine. Tom Beaufoy и Pat Pardy за првпат ги здружија силите во 1998 година, по што беа брзо препознаени како квалитетно диџеј/продуцентско дуо од Adam Freeland преку кој потпишаа договор со издавачката куќа Marine Parade. Оттогаш, сите нивни изданија ги истакнуваа Evil Nine како иноватори кои одбиваат да се претопат во сцената. Со музички стил формиран под многу различни влијанија – hip hop, punk, deep house, garage rock, techno и kraut rock, тие создаваат оригинален и минимален звук спакуван со емотивна потентност.

Вечерашниот концерт на Evil Nine е закажан за 23:00 часот во МКЦ, вечерта ќе ја отворат диџеите Мирко Попов и Душко Јаневски, а влезниците по цена од 300 денари можете да ги најдете на билетарница на Младинскиот културен центар.


Evil Nine – Hired Goons from Alphonso Whitfield on Vimeo.

Го презентираме Куманово насекаде
интервју со Филип Михајловски од Khara

18.09.2018

  Khara – од каде името за групата, значењето/потеклото? Според монголската митологија, Кара е името на првиот шаман, што враќал мртви луѓе во живот. Приказната ...

16.09.2018

На 6 септември во клубот „Ла Кања“ во старата скопска чаршија низ слушачка промоција ни беше претставено новото чедо на Давид Ангелевски пророчки насловено „Бела ...