Празникот на плочите доаѓа со Skopje Vinyl Convention

12-13 октомври 2018 МКЦ Скопје

[ ]

Skopje Vinyl Convention го претставува своето второ издание на најголемиот собир на љубителите на грамофонските плочи во регионот кое ќе се одржи на 12-ти и 13-ти октомври во Младинскиот културен центар во Скопје.

svc2018

Оваа година над 50 DJ-и ќе бидат дел од второто издание на Skopje Vinyl Convention, а свое учество на Конвенцијата ќе земат и повеќе од 30 дилери на плочи од земјата и регионот. Три сцени, два дена со Ariton, AАлександар Гавровски, Андреј Мицајков, Bdat Dzutim (Београд, Србија), Бојан Чакра, Боби, Boogieman, Цека (Ниш, Србија), Чваре, Chiko, Dimitri od Çair, Drazi Drags, Double G, Драган Б. Костиќ, Ex Disko-Klub Tehnometal, Fecky Farris, Flooder, Funky Villainz (Тирана, Албанија), Гоце, George Цветковски, Hypertech, Игор Спироски, Iceberg, Илина Ангел, Iron (Београд, Србија), Jim Sharp (London, Велика Британија), Koco a.k.a. Shimokita (Токијо, Јапонија), Christian Hss, Lephonq, Mileskaya, Мирко Попов, Маци Стојановиќ, Мачки, Милош Радош (Београд, Србија), Not Eazy (Софија, Бугарија), Oysha (Београд, Србија), Ogie, Pavlos (Солун, Грција), Rob Manga (Амстердам, Холандија), Skill (Пловдив, Бугарија), Стојче, Самоил Радински, Sam The Man (Софија, Бугарија), Soul Case, Soul Bader (Загреб, Хрватска), Томи Бојаџи, Uzun Brothers, Ux, Васо, Васко Атанасоски, Woo-D (Љубљана, Словенија), Wishko, Зоки Бејбе и Župany (Нови Сад, Србија).
Големото изненадување на Skopje Vinyl Convention доаѓа со најавата за гостувањето на DJ KOCO a.k.a. Shimokita од Токио, Јапонија, премиерно на скопскиот подиум, заедно со Jim Sharp од Лондон и Rob Manga од Амстердам.

svcdjs

Љубителите на винилите ќе можат да разменуваат и купуваат грамофонски плочи од домашните изложувачи и продавници за плочи Ап(о)тека, Бобан Antique Records, Југотон, Пола Југотон, Жаре, Коко, Fuck Yoga, Кискин и Шишман, а тука ќе бидат и регионалните Yugovinyl, Leila, Ammonite Records, Vintage Shop, Vinyl Cafe, Бобан Петковиќ, Boban Box, Mladjowar, Веле, Дејан Живковиќ и Душан Чурчиќ од Србија, Hole on 45 од Грција и Soul Searchin’ и Threechord Records од Бугарија.

Билетите се во претпродажба на билетарата на МКЦ како и на MkTickets.

 

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...