"Distant Sky" на Nick Cave & The Bad Seeds премиерно во Фросина

12 април 2018 кино Фросина

[ ]

Младинскиот културен центар и кино Фросина се вклучуваат во светската премиера на концертниот филм “Distant Sky” – Nick Cave & The Bad Seeds во живо, кој ќе биде прикажан на 12 април, 2018 во 500 кина во светот истовремено.

NC-DS

Снимен во Royal arena, Копенхаген, во октомври 2017, филмот го отсликува неверојатниот и триумфален концерт на бендот за кој овој концерт претставува нивно прво појавување пред публика по цели три години пауза. Свирејќи го нивниот последен албум, Skeleton tree покрај другите стандардни композиции од нивниот есенцијален каталог, концертот пред данската публика предизвикува екстатична реакција кај фановите, критичарите и колегите музичари, а истовремено ја обновува и длабоката и интимна врска, која шаманот Кејв ја остварува каде и да свири. Нивната успешна турнеја започнува во јануари 2017 во Австралија, потем продолжува во САД и завршува во Европа, кадешто свират и денес. Филмот е во режија на Давид Бернард.

 

19.11.2018

Поетскиот ангажман на Лидија Димковска има една in flagranti конотација која интригира и восхитува. Поетскиот ракопис „Црно на бело“ започнува од едноставен бел стих, а ...

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...