Lydia Lunch & Big Sexy Noise на Cinedays

12 ноември 2018 МКЦ Скопје

[ ]

Фестивалот на европски филм Cinedays го најави фестивалското концертно гостување на ултимативната икона на њујоршката авангарда Lydia Lunch која во Скопје доаѓа за првпат со нејзиниот последен музучки проект Big Sexy Noise.

ll-c

Еден од двата активни музички проекти на no wave/post punk кралицата Lydia Lunch се вика Big Sexy Noise. Покрај нејзе во составот се и James Johnston и Ian White гитарист и тапанар од познатиот состав Gallon Drunk. Бендот е формиран во 2008 година а во 2009 го објавува првиот истоимен мини албум за Sartorial Records. Следува „Trust The Witch“ од 2011. и снимка во живо од концертот во Италија oд истата година, кој се појавува како самостојно издание во 2016.
Big Sexy Noise може да се опишат како мрачен хеви блуз. Сугестивниот вокал на Lydia го следи „костурот“ на песните кои го прави Gallon Drunk двоецот. Lydia Lunch е легенда на уметничкиот Њујорк. Не постои сериозен музичар кој нема соработувано со неа барем еднаш во својата кариера – James Chance и Nick Cave уште од раните The Birthday Party денови, Sonic Youth, Rowland S. Howard, Einsturzende Neubauten, Robert Quine, Michael Gira, Jeffrey Lee Pierce и многу други.

Билети во претпродажба по цена од 300 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ. На ден на концертот цената на билет ќе изнесува 400 денари.

 

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...

Поздрав до следната можна средба, you fu.kin genius
Thurston Moore на Скопскиот џез фестивал

28.10.2018

Петок попладне. Ги привршувам обврските и полека навлегувам во она што ме чека вечерта, точно на полноќ, повторната средба со еден од моите музички херои ...