Македонски викенд на Канал 103

13 и 14 јануари 2018 Канал 103

Музичкото радио Канал 103 денес започнува со дводневниот „Македонски викенд на Канал 103“, каде во недела музичките соработници на радиото ќе го изберат домашниот „албум на годината“.

MV103

Овие два дена Стотројка ја слави македонската музика, очекувајте интензивна радио програма исполнета со настапи во живо, разговори, дебати, премиери, ретро и перспективи, како и многу изненадувања под новогодишната елка. Во недела на брановите на Канал 103 ќе се случи и изборот на најдобрите песни и албуми за 2017 година. Минатата година соработниците на Канал 103 ја избраа Политика на Bernays Propaganda за албум на 2016. Вклучете се на брановата должина на 103 FM или на стриминг.