Грчкото електронско техно-амбиент дуо Future of Matter со настап во Епицентар

13 јануари 2018 Епицентар 11:59

[ ]

Клубот Епицентар го најави гостувањето на грчкото електронско техно-амбиент дуо Future of Matter кое ќе се случи на 13 јануари на полноќ.

FOM-EFuture of matter доаѓаат од Солун, а нивната приказна започнува со пасијата за длабоките и емотивни електронски звуци, спојувајќи ги Haris Giachanos и Dimitris Mitilinaios на едно заедничко музичко патување. Селестијалните техно звуци со фокус на мелодијата во сетовите на Future of Matter е она што ве тера да преминете во друга музичка димензија. Заедно се од 2016-та и досега настапиле пред голем број артисти меѓу кои и Tale of Us, Âme, Mano Le Tough, Monoloc, Pisetzky, а оваа година за првпат и на најпознатиот музички фестивал во Грција, Reworks

Како локална поддршка ќе настапат Ана Мало и Балоски. Истовремено и тврди и тешки и полни со енергија, со цел дијапазон на емоции во мелодијата и басовната линија овие двајца млади диџеи прецизно го разместуваат скроениот ритам на омилените продуценти. Инспирацијата ја влечат од дивергентните музички правци на андерграундот, се фокусираат на музичкиот дизајн, еволуирајќи во звукот кој истовремено го трасира патот на младата генерација.

Влезницата за настапите на Future of matter, Ана Мало и Балоски изнесува 250 денари.

 


Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...