Прогресивниот џез-рок бенд Soft Machine во Скопје

14 март 2018 Станица 26 21:00

Промотерската куќа 3 гонга го најави ексклузивното концертно гостување на прогресивниот џез-рок бенд Soft Machine кој ќе настапи на 14-ти март во скопскиот клуб Станица 26.

SF@S26

Легендарниот бенд Soft Machine, заедно со Pink Floyd, The Jimi Hendrix Experience, Caravan и Gong ја создаде британската психоделична авангардна сцена во шеесетите години. Soft Machine беа еден од централните бендови на кантербериската сцена. Критиката ги опишува како „една од највлијателните групи од нивната ера, а секако еден од највлијателните на андерграунд сцената“. Формирани во 1966 од Robert Wyatt (тапани, вокал), Kevin Ayers (бас, гитара, вокал), Daevid Allen (гитара) и Mike Ratledge (органа). Со четиресеттина албуми зад себе во својата 40-годишна кариера, Soft Machine се денес еден од најголемите фјужн бендови во Европа.

Soft Machine во Скопје ќе настапат во состав John Marshall на тапани и перкусии, Roy Babbington на бас, John Etheridge на гитара и Theo Travis на саксофон, флејта и пијано.

Влезниците за концертот на Soft Machine чинат 1000 денари и ќе можете да ги набавите на Купи карти за сè.

 

SM@MS