Перформансот „Копје во Скопје“ на Марко Брецељ вечерва на Cinedays

14 ноември 2017 МКЦ 22:30

[ ]

Вечерва во Младинскито културен центар ќе настапи една од најексентричните фигури на словенечката сцена – кантавторот, перформерот и активистот Марко Брецељ. Јавноста го помни како некогашен фронтмен на словенечката авант-рок група Булдожер која ја напушти пред 30-тина години, препуштајќи и се на богатата соло кариера.

M-B
Брецељ ја започнува својата музичка кариера како виолинист во квартетот Trije črnci. Пошироката публика го запознава како пејач-текстописец и шансониер на Младинскиот фестивал во Суботица во 1974 година, каде ја освојува наградата на жирито, за да истата година во соработка со композиторот и диригент Bojan Adamič го објави албумот Cocktail. Плочата беше наградена со престижната „Седум секретари на СКОЈ“ награда.
Веднаш потоа, Марко ја основа рок групата Булдожер, каде за кратко време станува еден од најистакнатите фронтмени, вокалисти и автори на југословенската рок-сцена кон крајот на 70-тите. Во бендот е се до 1979 снимајќи ги најпознатите албуми на Булдожер – Pljuni istini u oči (1975), Zabranjeno plakatirati (1976) и Živi bili pa vidjeli (1979). Во соло кариерата работел со поетот Иван Воларич – Феум во бендот Duo zlatni zubi, а во 1983 и 1984 година го предводеше проектот Marjanov čudni zajec. Како гостин соработувал со различни музички групи SRP, Strelnikoff и многу други. Неговото дело се карактеризира со иронија и критика на ситнобуржоаското општество.
Марко Брецељ беше раководител на Младинскиот, културниот, социјалниот и мултимедијален центар MKSMC во Копер. Член е на вонпарламентарната политичка партија Akacije, учествувајќи на сите избори за функцијата градоначалник на Копер. Беше советник во градскиот совет на собранието на Копер 2003-2007. Денес е раководител на мултимедијалниот центар „Koperground”Марко Брецељ вечерва ќе се претстави на фестивалот Cinedays со негов филм a по премиерата следува неговиот перформанс „Копје во Скопје“. Влезот е слободен.

Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...