Клопка за пионира и Donplaya & Bonpraskiza + DJ Inomatic на БОШ #9

15 септември МКЦ

[ ]

Мултимедијалниот арт фестивал БОШ најави уште еден промо фестивалски настан – РазГлас Трас БОШ9, кој на 15 септември во Младинскиот културен центар во Скопје во една вечер ќе ги претстави Клопка за пионира, заедно со Donplaya & Bonpraskiza + DJ Inomatic.

bosh9

Noise rock бендот од Панчево, Србија – Клопка за пионира се основани во 2003 година од Миле Мијатовиќ (глас, перкусии, автор на стихови) и Дамјан Бркиќ (гитара, машини, автор на музика). Од снимањето на албумот „Додоле“, бендот настапува како четворка (Мијатовиќ – Бркиќ – Шимиќ – Lenhart), развивајќи специфичен сопствен музички израз базиран на импровизација, бучава и „соработка со луѓе и машини“. Музиката на бендот често се опишува како неприфатлива, главно поради прекумерната бучава, дисонанца, непријатните вокали, како и непријатните теми за кои текстовите зборуваат. Клопка за пионира на БОШ доаѓаат и да го промовираат аудиофанзинот „Нервни гас из звучника“.

Посеби гости на настапот на Клопка за пионира ќе бидат господарите на bitchez and rhymes – Donplaya, заедно со Bonpraskiza и DJ Inomatic.

Во едицијата „Ремек дела“ – издавање на независни цртачи, БОШ ја продолжува акцијата со цртеж на Миле Ничевски – автор на цртежот за плакатот „Разглас“, а дизајнот е на Johanna Peresito – Johanna Marcadé-Mot. БОШ порачува: „Носете последна мода, купете си маички со цртеж на Кирчо и Миле и дојдете спремни за играње затоа што само така се издржува“.

 

05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...