Прва „Винил конвенција“ во Македонија

16 декември 2017 МКЦ Скопје 12:00

[ ]

Љубителите на грамофонските плочи оваа година за првпат ќе имаат можност на 16-ти декември во Младинскиот културен центар во Скопје да бидат дел од првата македонска винил конвенција на која ќе учествуваат, изложуваат и разменуваат плочи голем број домашни и колекционери од регионот.

SVK2017

 

„Плочата е повторно во мода! Избришете ја прашината од старите плочи во подрум и дојдете на првата винил конвенција во Македонија!“

повикуваат организаторите на првото заседание на плочарите од регионот – Funky Fresh и МКЦ. Овој, прв од ваков вид саем на плочи ќе се одржи во холот на Младинскиот културен центар во Скопје со учество на десетина респектабилни продавници за плочи од Македонија и регионот. Освен изложените винили, организаторите на првата винил конвенција најавуваат и работилници и перформанси. Влезот на првата винил конвенција е слободен.

 

YUGOVINYL / Белград, Србија
YV

Позната продавница за грамофонски плочи меѓу винил-копачите ширум регионот, Југовинил е специјализиран за продажба на ретки винилски записи – лонгплеј, синглови, 12″, 10″ од поранешна Југославија, како и голем број оригинални и лиценцирани изданија од САД, Азија / Индија, Јапонија, Тајван, Европа и од други делови на светот. Вистинско место да ја дознаете алтернативната историја на поранешна Југославија.

 

SOUL SEARCHIN’ / Пловдив, Бугарија
DNP

Домот на плочата “Soul Searchin” е дел од иницијативата „Пловдив – Квартал на креативни индустрии” на општинската фондација „Пловдив 2019″ во поддршка на кандидатурата на градот за Европска престолнина на културата 2019 година. “Soul Searchin” ќе биде пријатно место за состаноци, размена на искуства на љубители на музика и познавачи на грамофонски плочи од цела Бугарија. Голем број интересни, различни попладневни настани, работилници, кои ќе имаат за цел да го збогатат и прошират музичкото знаење и да вклучат повеќе млади луѓе во колекционирањето плочи и отворање на слухот кон винилниот звук.


AMMONITE RECORDS / Белград, Србија
AR

Ammonite records е независна етикета на млади ентузијасти и љубители на музика чии основачи се стремат да овозможат снимање и објавување на плочи со медиумско-концертна промоција и апсолутно уметничко изразување. Луѓето зад овој мал но внимателно Ammonite records избран тим во деценија и половина од своето живописно постоење реализираа неколку десетици одлични албуми. Ammonite ја врамени, па дури и ја дефинира суштината на слободно-возечкиот рок, реге, електроника, џез и сите други мутации на урбаниот звук што Балканот може да го понуди. Амонитот расте и се развива, со сопственото студио и видео продукција, интернет-телевизија и радио.


ЈУГОТОН
 / Скопје
JR

Југотон е првата и најголема дискографска куќа во поранешна Југославија, основана во Загреб 1947. Скопската подружницата на загребскиот Југотон во Македонија работи веќе 40 години, единствена во регионот го задржува оригиналното име и продолжува и по згаснувањето на загребската куќа во 1991. Препознатливи се во издаваштвото и продажбата на компакт дискови и лонгплеј плочи. Асортиманот на производи и услуги кои денес ги нуди Југотон се од широк спектар на дејности.

 

ЛЕИЛА / Белград, Србија
L-SVC

Леила е продавница за грамофонски плочи, книги и уметнички предмети, галерија и место за промоција на разни културни и уметнички активности, првенствено млади и непоканети локални уметници, отворена во јули 2012 година во Белград.


АП(О)ТЕКА / Скопје

HOLE ON 45 / Солун, Грција

ПОЛА ЈУГОТОН / Скопје

БОБАН ПЕТКОВИЌ / Крушевац, Србија

VINTAGE SHOP / Ниш, Србија

ANTIQUE RECORDS БОБАН / Скопје

 


 

Многу музика пропратено со дружба и незаборавно искуство, а со свои сетови ќе имаат и нашите: Андреј Мицајков, Ariton, Бојан Чакра, DJ Boogieman, Дарко Степиќ, DJ Dimitri from Chair, Drazi Drags, DJ Flooder, Александар Гавровски, George Cvetkovski, HyperTech, Игор Спировски, Маци Стојановиќ, Мирко Попов, Узун Баба, Васко Атанасоски, Wish.ko и Зоки Бејбе. Како и Little Lu (Белград, Србија), Noki Nole (Загреб, Хрватска), DJ Ceka (Ниш, Србија), Funkie Junkie (Ниш, Србија), Mono (Подгорица, Црна Гора), Pavlos Wax (Солун, Грција) и DJ Skill (Пловдив, Бугарија).

 

SVKafter

По првата винил конвенција следува after party забава со Marc Hype (Берлин, Германија) и Boca 45 (Бристол, UK). А свој DJ сет ќе имаат и Bdat Džutim (Белград, Србија),  Dr. Smedji Sećer (Ријека, Хрватска) Iron (Белград, Србија) и Kool S (Пула, Хрватска) и домашните DJ Чваре и DJ Гоце.

 



 

SVKV

Влезот на винил конвенцијата е слободен, додека цените за Afterparty се 300 денари во претпродажба и 500 денари на влез.

 

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...