"Waves of Ambience" со промо настан во „Дуња“

16 декември 2017 Социјален Центар Дуња 19:30

[ ]

Како иницијатива за одржување на концерти со жива амбиентална музика, мултимедијалниот проект ampeff.com го организира првиот “Waves of Ambience” настан на 16-ти декември во Социјалниот центар „Дуња“ со 4 артисти за вечер исполнета со амибентална/дроун/експериментална-џез музика и визуелна медитативна сесија.

WOAf

 

Најавените изведувачи за промо настанот се Amplidyne Effect, Светлост, Димитар Додовски и Vedis.

AE

Amplidyne Effect e мултимедиjален проект изведен од продуцентот, музичар и графички дизајнер Мартин Георгиевски (р. 1988 во Скопје, Македонија). Завземајќи форма на импровизиран музички проект, а под влијаније од експерименталниот/ психоделичниот спектар на звуци како Drone, Noise, Ambient, Contemporary Minimalism па до пост-рок, краут рок и IDM елементи, тој својата инспирација ја црпи од уметноста, музиката, филмот, природата и самата технологијата.

 

S

Светлост е амбиент-џез трио од Скопје, составено од Нинослав Спировски (кларинет/саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (бас/синтесајзер/електроника). Во моментов работат на своето дебитантско ЛП, кое ќе содржи три долги композиции во кои се вклопени стилови како слободен џез, пост-панк, амбиентална и електро-акустична музика – на овој концерт ќе настапат со материјал во кој ќе преовладуваат последните два.

 

D_D1Димитар Додовски е присутен на македонската електронска музичка сцена од раните 2000ти со својата продукција, настапи во живо како и диџеј сетови. Неговиот звук вклучува спектар од даб текстури, медитативни и амбиентални звучни пејзажи, new age експерименти, се до апстрактни мелодиски делници кои пленат со својата хипнотичност. Покрај неговите соло продукции тој издавал албуми и како Moss Garden (со Lee Norris, UK), Post Global Trio (со Мартин Георгиевски, Тони Димитров) на издавачки куќи како Databloem, Carpe Sonum Records, Unknown Tone Records, Shimmering Moods Records, Womblabel…редовно рецензирани на светските интернет магазини кои третираат електронска музика.

 

Vedis1Vedis – holy spirit of the forest, е синематичниот амбиент проект на Klara, мултимедијален артист од Скопје која на електронската музичка сцена работи како продуцент, DJ, вокалист и live изведувач. Vedis како проект егзистира од март 2017 година, и цели кон трансмисија на разни искуства и приказни инспирирани од природата, космичките сили и ведските списи преку звук, вибрација, фреквенција. Нејзиниот звук може да се опише како длабок, сензационален, меланхоличен и спиритуален, звук искажан преку долги drone сесии, класични и атмосферски вокали, теренски снимки, долги филмски атмосфери и пејсажи, и користи различни акустични, аналогни и дигитални инструменти.

 

Влезот на првиот “Waves of Ambience” е со донацијa.

 

 

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...