37-от Скопски џез фестивал од 17 до 21 октомври

17-21 октомври 2018 МОБ МКЦ

[ ]

Традиционалниот Скопски џез фестивал годинава ќе се одржува од 17-21 октомври на две локации во главниот град: Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар. Главните карактеристики на ова фестивалско издание се ексклузивноста, уникатноста и храбрата програмска ориентација. Речиси сите концерти што ја сочинуваат програмата на фестивалот се специјални и ексклузивни по својот карактер и не претставуваат дел од турнеите на музичарите. Исклучок е настапот на David Murray Quartet со Saul Williams, што ќе го означи стартот на нивната европска турнеја.

 

Од Њујорк ни доаѓа веројатно најзначајниот и најкреативниот жив музичар во светот денес, трубачот Wadada Leo Smith, за единствена европска аудио-визуелна изведба на неговото ремек-дело “Reflections and Meditations on Monk”. Ексклузивен европски настап ќе има и култната њујоршка тројка Harriet Tubman, предводена од еден од водечките светски џез-гитаристи, Brandon Ross.

Специјален гостин на фестивалот е некогашниот фронтмен на култните Sonic Youth, гитарскиот гуру Thurston Moore, една од највлијателните, најинспиративните и најреспектираните фигури на денешната музичка сцена.

Со ексклузивни концерти ќе се претстават и младата скандинавска сензација, данската саксофонистка Mette Rasmussen, уникатниот многуброен женски вокален состав Trondheim Voices, со својот впечатлив аудио-визуелен перформанс, како и специјалното трио на многу фалената португалска трубачка ѕвезда Susana Santos Silva со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Ab Baars и со најдобриот џез-перкусионист во 2018 година според списанието DownBeat, чикашката легенда Hamid Drake. Од Финска, пак, за еден концерт доаѓа возбудливото и динамично џез-трио Mopo.

И конечно, последната фестивалска вечер е резервирана за Тони Китановски. Одбележувајќи ја 30-годишнината од почетокот на своето музичко патешествие, тој ќе настапи прво со својот најнов проект, квинтетот Panda 5, промовирајќи го во живо новиот албум “Big City Scare”, а во вториот дел ќе му се придружат некои од неговите најзначајни музички пријатели и соработници: Американците Jon Sass (туба) и Dave Wilson (саксофон), Перуанецот Piero Epifania Osambela (кахон), како и добропознатите балкански ѕвезди Васил Хаџиманов (пијано) и Асан Рашит (труба).

18 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
ALEXANDER HAWKINS (В. Британија)
DAVID MURRAY QUARTET feat. SAUL WILLIAMS “Blues for Memo” (САД)
24:00 МКЦ Дансинг сала
ARTO LINDSAY & PAAL NILSSEN-LOVE (САД/Норвешка)

19 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
WADADA LEO SMITH “Reflections and Meditations on Monk” (САД)
HARRIET TUBMAN (САД)
24:00 МКЦ Дансинг сала
THURSTON MOORE (САД)

20 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
METTE RASMUSSEN (Данска)
TRONDHEIM VOICES (Норвешка)
SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE (Португалија/Холандија/САД)
24:00 МКЦ Дансинг сала
MOPO (Финска)

21 OКТОМВРИ
20:00 Македонска опера и балет
Тони Китановски: 30 години творештво
PANDA 5 (Македонија)
TONI KITANOVSKI & FRIENDS (Македонија/САД/Србија/Перу)

Фестивалот годинава има и богата придружна програма: доделување на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година, промоција на албумот “Big City Scare” на Panda 5 – најновиот состав на Тони Китановски, како и отворање на изложбата „Духовите на Африка – ритуална западноафриканска уметност“, во соработка со Музејот на Македонија и Музејот на африканската уметност во Белград. Во рамките на 37-то издание на Скопскиот џез фестивал, ќе биде промовиран и Манифестот на Европската џез-мрежа (Europe Jazz Network) за родова еднаквост во џезот и креативната музика.
23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...