Drew McDowall во МКЦ

17 ноември 2017 Младински културен центар Скопје

[ ]

Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми Desonanz го најави настапот на легендарниот електронски волшебник Drew McDowall, кој за првпат ќе настапи во Скопје на 17 ноември во Младинскиот културен центар во рамките на филмскиот фестивал Cinedays.

Drew McDowall е култната фигура во историјата на електронската музика и човекот кој како композитор и продуцент е одговорен за голем дел од психоакустичната магија на Coil, Psychic TV, Current 93, Throbbing Gristle и други проекти од бранот на рана индустриска, електронска и ритуална музика во текот на културната револуција започната од Genesis P-Orridge, John Balance, David Tibet и нивните соработници.
Настапот во Скопје е дел од светската турнеа која го промовира неговиот нов албум – Unnatural Channel. Низ својата 40 годишна музичка кариера, Drew McDowall стои како една од најзначајните фигури на модерната електронска музика, но неговите проекти несекогаш завршуваат во студиото. Низ текот на 90-те, тој е менаџер на култниот денс-поп состав The Shamen, помага на својата сопруга Rose McDowall во продукцијата на Strawberry Switchblade и стои како ремиксер и промотер на многу од индустриските и прото-електронски состави кои се појавуваат на сцената кон крајот на 20 век. Неговиот ремикс-каталог е подеднакво импресивен со проекти за Nine Inch Nails, Chris & Cosey, Surgeon и многу други.

Како прв член регрутиран во Coil од страна на основачите John Balance и Peter ‘Sleazy’ Christopherson, Drew е одговорен за брзиот раст на композициските и продукциски квалитети во песните на Coil, но и за целосното прифаќање експерименталните и окултни правци на групата наместо мејнстрим поп влијанијата од 80-те со поставување на богат мозаик на музички влијанија од сферата на класиката, раната електронска музика и нивно комбинирање со спиритуалните и религиозни традиции присутни во музиката на Coil. Овој процес доаѓа до својата логична завршница со издавањето на “Astral Disaster”, “Music to Play in the Dark” и “Time Machines”, крунски албуми во дискографијата на Coil и воопшто, дел од најважните носачи на звук за развојот на елетронската музика во 21 век. По издавањето на Time Machines и распадот на Coil, McDowall се сели во Бруклин, каде се посветува на модуларната синтеза и својата композиторска работа, правејќи музика за бројни филмови, инсталации и мултимедијални проекти.

Билетот чини 200 денари и се продава преку продажните мрежи на МК Тикетс и Купи Карти за Сè како и на Билетарницата на МКЦ.

 

Drew McDowall presents COIL’s Time Machines from Brien Hindman on Vimeo.

 

De17

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...