Chrysta Bell доаѓа на Cinedays

18 ноември 2017 МКЦ Скопје

Фестивалот на европски филм Cinedays во рамките на музичката програма на претстојниот фестивал го најави за првпат гостувањето на популарната Chrysta Bell, на 18 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.

cb@cinedays

Chrysta Bell Zucht, професионално позната како Chrysta Bell, е американска пејачка, композиторка, модел и актерка. Професионално има соработувано со режисерот и композитор David Lynch, откако двајцата се запознаваат во 1999 година и заедно издаваат два албума жанровски означени како dream pop. Нејзиниот глас и музички стил се опишани како небески и сензуални. Нејзиниот нов албум – We Dissolve, независно издаден за Meta Hari Records во јуни 2017, е во продукција на John Parish, а свој удел имаат и Adrian Utlez, Geoff Downes и Stephen O’Mall. Во нејзината прва телевизиска улога Chrysta Bell го игра ФБИ агентот Tammy Preston во новите изданија на Твин Пикс што се појавија во мај 2017.

Концртот на Христа Бел е закажан за 18 ноември во денсинг салата „25 мај“ во 22:30 часот.

Билетите чинат 300 денари и се продаваат преку продажните мрежи на МК Тикетс и Купи Карти за Сè како и на билетарницата на МКЦ.