Еклектичниот Opium Hum доаѓа на Таксират

2 декември 2017 Капан ан 23:55

[ ]

Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми Desonanz и Таксират го најавуваат гостувањето на еклектичниот Opium Hum на 2 декември во клубот Капан ан.

first-mr._stangl

Opium Hum е музичкиот алијас на Michail Stangl, директор на Boiler Room Berlin и еден од највредните креативни умови зад кулисите на берлинската сцена, чија работа дозволува не само Берлин да остане неприкосновена претстолнина на електронската музика, туку и живо и креативно место каде артистите секогаш ја имаат безграничната слободата да играат, експериментираат и да ја реобмислуваат музиката на градот.

Како куратор на еминентниот фестивал за прогресивна уменост и музика CTM и голем број настани од програмата на Berghain и низа други клубови и фестивали низ Европа, одговорен е за голем број на интернационални проекти од областа на музиката, уметноста и музичката култура. Неговите DJ сетови се еклектична и забавна комбинација на авангардни звучни пејсажи измиксани со шаренолики ритми низ широк дијапазон на жанрови, звуци и музички ери – вистинско патување низ историјата, сегашноста и иднината на електонската музика.

Бас журката со Opium Hum е афтерпарти и официјален крај на ПИН музичката конференција, а на настапот во Капан ан ќе биде придружен од локалната бас сцена – домашните Pukka / D2, BTKRSH / и Kronom / BTKRSH /, како и легендите на саботните вечери во Капан ан – Hypertech / D2, BTKRSH / и Дарко Степиќ / D2, BTKRSH /.

Влезниците се 150 денари во предпродажба и 200 денари на врата.
 



Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...