Големото враќање на Kiborg

2 декември 2017 МКЦ 21:00

[ ]

Фестивалот Таксират го најавува големото враќање на сцена на еден од најкултните македонски состави од 90-те, сајберпанк пионерите Kiborg, кои по 20 години ќе го имаат својот прв настап на шоукејс ПИН музичката конференција на 2 декември во Младинскиот културен центар во Скопје.

KFKiborg започнува кон крајот на минатиот век, летото 1995 во Скопје. Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија. По многу жртви, конечната постава беше дефинирана. Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со Young Gods, кое им обезбеди место во музичката историја. Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни.

По 20 години, истите членови повторно се собраа за да продолжат со својот изворен cyberpunk, да проповедаат малку и да се забавуваат. Kiborg се: Дарко Јаневски – вокали, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури.




23.04.2018

„Пази што посакуваш“ од Норм Фостер, сцена Академија 28, Белград. Режија: Јана Маричиќ, продуцент: Андрија Милошевиќ, улоги: Александра Томиќ, Радован Вујовиќ и Александар Радојичиќ.    ...

21.04.2018

По успехот со „Панкот не е мртов“ (2011), кој освојуваше награди на светските фестивали и беше одлично примен од филмофилите, Владимир Блажевски во 2016 година ...