Kabadayas со концертна промоција на новиот албум „Од понеделник“

2 мај 2018 Станица 26 21:00

[ ]

Концертната промоција на новиот, втор по ред, албум на групата Kabadayas – „Од Понеделник…“ ќе се случи во среда, 2-ри мај во Станица 26 со почеток во 21 часот.

K@S26


За Кабадајас, со Ѓоле Максимовски: Се инспириравме од кабадајлукот како карактерна особина, убаво
претставен во еден македонски документарец за битолските кабадаи. И така низ шала и смеа, додека го снимавме првиот албум, немајќи име за групата, остана и името. Бендот постои од 2011-та, Дино и  јас решивме да правиме наш проект. Во исто време соработувавме со Горан Бојчевски. Со него веднаш излегоа убави теми и идеи. Зоран Костадиновски кого го знаевме како малку помлад гитариста тогаш, влета во приказната како да сме свиреле од секогаш. Сите функционираме како композитори и аранжери во музиката што ја создаваме.

За „Од понеделник“: „Од понеделник“ ни е втор албум, првиот албум се вика IV, издаден е 2012 година од „Баги Комуникации“.

За музикатаМодерна инструментално вокална  музика, џези амбиент со скопски, а светски шмек. На овој албум композитори сме Зоран и јас, но и Дино кој ритмички ги оплеменува нумерите. За аранжманите сме задолжени сите. На албумов има две вокални песни. Едната од нив е со текст , песната „Летаме“ ја напишав јас. Албумот е снимен во „Тра Ла Ла“ кај Мите Димовски, „Вода Медиа“ кај Павле Васиљевиќ и „Алшар студио“ кај Ивица Јанкуловски.

За тиражот: Тиражот е 1000 примероци, за сега. Има можност да излезе и на винил, како и продажба по електронски пат.

Очекувањата од концертната свирка на 2-ри мај во Станица 26Едвај чекаме да свириме концерт, како промо за нашето второ издание. Очекуваме убава атмосфера, добар звук, фино расположение… Гости на концертот ќе бидат Марија Димитријевиќ на вокал, Ратко Даутовски на перкусии и Трајче Велков на труба.

Планови за понатаму концерти… фестивали…Веќе следниот ден имаме концерт во Охрид, па повторно Скопје, Куманово, а следуваат и патувања надвор од државата. Инаку, имаме и нова музика, во преговори сме со еден странски продуцент за ширење на нашата работа надвор од границите, но за тоа по тоа.

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...