„Една билка, еден живот“: Конопфест на 20 април на Школка

20 април 2018 Школка, Градски парк, Скопје

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ го најави овогодинешното издание на Конопфест кое ќе се одржи на 20 април на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје.

KF2018

Конопфест оваа година се одржува под мотото „Една билка, еден живот“ и покрај целите за кои се залага здружението „Билка“ – целосна декриминализација на канабисот и унапредување на животната средина преку едукација, проекти, и активизам, фестивалот оваа година подготвува и богата музичка програма на која се најавени LD Pistolero, Да Џака Накот, Слаткаристика, DJ Гоце, DJ Чваре, Сашко Гигов – Гиш, Дани Димитриовска, Д.Н.О., Reporters band, Горан Кан, Бени & Нон-стоп, DJ Димитри од Чаир, String Forces, Beluci Quartet, Beta House и Чиста Околина. Редоследот на настапи ќе биде дополнително објавен.

Организаторите ги очекуваат посетителите во што поголем број, со порака: „Соборци, да им покажеме на надлежните дека сме тука и немаме намера да си одиме сè додека не се исполнат нашите барања“.