Преку Чикаго до Скопје: Dee Alexander на Скопскиот џез фестивал

20 октомври Македонска опера и балет, 20:00

КУПИ
[ ]

Скопскиот џез фестивал на втората фестивалска вечер ја претставува Dee Alexander, врвната вокалистка од Чикаго, една од најнадарените гласовни импровизатори во светот денес.

DA@SJF

Ди Александер е една од најталентираните и најпочитуваните вокалистки од Чикаго и истовремено вистински бисер во недолгата листа на денес најдобрите џез-пејачки во светот. Нејзините таленти се протегаат на секој музички жанр, но сепак, срцето и душата на Александер во најчиста форма се отсликуваат во џез музиката. Во меките, сензуални балади но, и во динамичното „скет-дивеење“ Ди пее со импресивна вокална длабочина и експлозивна драматичност. Израсната во опкружување во кое најмногубројни биле плочите на Дајна Вашингтон, таа ги наведува Сара Вон и Ела Фицџералд како свои најголеми влијанија. Тука е и чикашкиот саксофонист Хенри Хаф, кој ја насочи на вистинскиот пат до совршенството во вокалната импровизација. Во својата кариера Ди Александер имаше плодна соработка со џез-елитата на Чикаго: Ремзи Луис, Орберт Дејвис, Никол Мичел, Ернест Докинс и многу други. Ди, исто така е и член на славната и значајната „Асоцијација за унапредување на креативните музичари“ (AACM). Покрај постојаната работа со својот квартет, таа го формира и Evolution Ensemble, акустичен состав со гудачки инструменти и перкашн. Албумот “Wild is The Wind” од 2009 година (посветен на Дајна Вашингтон, Нина Симон и Хенри Хаф) е нејзиното најдобро остварување, а мнозина го оценија и како едно од десетте најдобри изданија на џезот во првата декада на новиот милениум. Последниот проект на Ди, “Songs My Mother Loves”, наиде на одличен прием кај музичката критика. Проектот е посветен на нејзината мајка, но и на музиката која стана толку значајна во нејзиниот живот.

Dee Alexander вечерва во Македонската опера и балет ќе настапи заедно со Miguel De La Cerna на пијано, Mimi Jones на бас и Ernie Adams на тапани.

Влезниците чинат 90 денари и можат да се најдат на mktickets.

 

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...