Виенските виртуози Mario Rom’s Interzone во петок на Скопски џез фестивал

20 октомври Македонска опера и балет, 20:00

КУПИ
[ ]

На втората фестивалска вечер на претстојниот Скопски џез фестивал на скопската публика за првпат ќе и се претстави и триото виртуози од Виена – Mario Rom’s Interzone.

Mario Rom's Interzone

Оние што се обидуваат да ги опишат Mario Rom’s Interzone постојано бараат суперлативи. По концертот на прочуениот Rochester Jazz Festival во Њујорк, главните критичари на фестивалот ги нарекоа – едни од најзабавните и највозбудливите изведувачи на фестивалот. Ваквата реакција на американскиот печат е сè освен очекувана за австриски бенд со просечна возраст под 30 години, но триото што го сочинуваат Марио Ром, Лукас Кранцелбиндер и Херберт Пиркер за многу кратко време доби големо внимание ширум светот. Групата со својата невообичаена инструментација (труба, бас и тапани) се покажа способна виртуозноста и хуморот да ги преточи во една забавна целина, оставајќи впечаток дека се четири, пет или повеќе музичари. Едно е јасно: Interzone свират џез. Сепак, нивно гесло е „сè е дозволено“. Медиумите ги опишуваат Interzone како „апсолутно откритие“ со „изненадувачки, ненадминлив темперамент“. Нивната виталност ја остава публиката жедна за бисови до исцрпување на репертоарот. Во 2017 година тие го објавија својот трет албум „Truth Is Simple To Consume“ којшто го донесе нивното импресивно музичко патување на уште повисоко ниво. Во Скопје ќе настапат во состав: Mario Rom на труба, Lukas Kranzelbinder на бас и Herbert Pirker на тапани.

 

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...