Record Store Day #2 во МКЦ

21 април 2018 МКЦ 13:00

Младинскиот културен центар и продавницата за плочи Ап(о)тека го најавуваат второто издание на светскиот настан на продавниците на плочи Record Store Day закажан за 21 април со почеток во 13 часот на платото пред МКЦ.

RSD2018
На програмата на овогодинешниот „Ден на продавниците за плочи“ се настапите на домашносветските диџеи, кои ќе пуштаат музика исклучиво на винили – Елеонора Стојановиќ (Мизар, Vermilion Deviate, Нора), Саша Павловиќ (Suns, Демек, Bernays Propaganda) и DJ Зоки Бејбе, како и перформанс во живо на Mammoth & Yashem.

Во духот на настанот, Награда за Македонски амбасадор на овогодишното издание на Record Store Day, МКЦ и Ап(о)тека му ја доделуваат на најдобриот македонски и балкански, а цврсто ќе ја бранат и тезата дека е во редот на најдобрите европски гитарист на сите времиња – Влатко Стефановски, додека почеста да се биде Worldwide Record Store Legend ја добива Владимир Мандичевски – Манде, долгогодишен пасиониран колекционер на физички изданија, редовен посетител на ретките македонски независни музички продавници, но најмногу поради улогата која ја имаше неговата, прва во Македонија, музичка продавница Bagi Shop на почетокот на 90-ите години.
На програмата е планирана и изложба на омоти на македонски плочи и изданија кои годинава слават 20-25-30-40 години од своето издание, како и можност за купување винили и CD-а од Ап(о)тека со специјален попуст за тој ден, од 20 %.