Култниот гитарист, композитор и импровизатор Fred Frith со концерт во Скопје

21 февруари 2018 Македонска филхармонија, Мала сцена

[ ]

Скопскиот џез фестивал го најави концертното гостување на англискиот мулти-инструменталист, композитор и импровизатор Fred Frith, кое ќе со одржи на 21 февруари на Малата сцена на Македонската филхармонија.

FF@SJF

Фред Фрит. Музичарот кој недостасуваше во сите изминати години на Скопскиот џез фестивал. Никогаш не беше слободен во октомври – поради обврските што ги има како професор на Милс колеџот во Оукленд, Калифорнија (образовниот “епицентар“ на експерименталната музика). Култен иноватор, гитарист, композитор и импровизатор. Англичанецот кој три децении ја водеше легендарната група Henry Cow, во доцните седумдесетти години на минатиот век се сели во Америка и почнува да соработува со познати њујоршки експериментални музичари. По издавањето на влијателниот албум “Guitar Solos” во 1974 година, Фрит обезбедува многу влијателно место на имровизаторската сцена во светот, не само како признат соло изведувач туку и во друштво на музичари како Бил Ласвел, Брајан Ино, Дерек Бејли, Хан Бенинк, Крис Катлер, Лол Коксил, Роберт Вајат, Том Кора, Зина Паркинс, Резидентс, Икуе Мори, Џон Зорн (со Зорн беше дел од групата Naked City) и други. Неуморно работеше со поголем број состави, како Skeleton Crew, Massacre, Keep the Dog, Art Bears, Guitar Quartet, Eye to Ear, Cosa Brava. Неговото име се среќава на повеќе од 400 дискографски изданија. Конечно, Фред Фрит ќе го видиме во Скопје. Кариерата на Фрит се протега во повеќе од четири децении и се појавува на повеќе од 400 албуми.

Продажбата на билетите за концертот на гитарската легенда Фред Фрит започнува денес на продажните места во Македонската филхармонија и онлајн на Југотон Рекордс, цената на билетите изнесува 600 денари.

 

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...

11.07.2018

Оној кој го читал Господинов, го сака Господинов. Оној кој ја читал неговата „Физика на тагата”, е вљубен во романот. Оној кој ја гледал „Физика ...