[видео] Kуп Де Грас

21 грам

[ ]

Видео од EP-то „Пактот Волчји“ 2016, на Kуп Де Грас | Инструментал, микс и мастер: Даре ДТ / Соулментал | Видео: Тоди ДТ | Фарба: Бренсис

 

 

Венко:

Секој стих кога палам на клупата никад сама
со мојата екипа права чувари на овие маала
не е битно од кај си, имаш ли маска одпаѓаш
имаш ли расипан план, кај нас пропаѓа

Пропаѓа лага во присуство на оган, тогаш кога
звукот бранува пловам во град на пропаст
светот го вртат пари па го вртам сто пати при папир
со кој главиш, пази, овде паѓаш никој не би те фатил

Држи се блиску до твоите, дали ме сфати?
денес пријател има цени скапи, ќе ти се смачи
кругот тесен, тешко остануваш свесен денес
па сум спремен за неред имам стрес голем терет

Проблеми под нашиот череп, и кога нејќеш
па сум до тебе во секој момент, секое време
21 грам од висина без страв залетан
скокам за мојте луѓе, не ми треба падобран!

Скокам за мојте луѓе, не ми треба падобран
знаеш остварен е секој план, препливан секој бран
оставен е 21 грам, оставен 21 грам!

Атанаско:

У главата фрки триста, што и да се деси
совеста одржана ќе е чиста, одржана ќе е честа
у чест на, главите што поштуваат, а веста
дека загарантирани ќе бидат нашите места

покрај спорот дека движиме споро некад
сепак остануваме на зборот секад, цврст е нашиот темел
гори кровот, иде зима, гори тронот,
тлее порок, гори сонот, за да се роди плодот

треба да бидам буден да го видам кодот, додека излезот
од стапицата е падот на матрицата, вилицата
е челик на удар, кога станува збор за вистински другар
спремен да пловам по океанот, јас мудар,

спремен да оставам 21 грам, 21 грам
да го препливам секој бран, да го остварам секој план
па скокам за мојте луѓе, не ми треба, не ми треба..!

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...