DJ Jazzy Jeff во МКЦ

22 октомври 2018 МКЦ 21:00

[ ]

SureShotz Entertainment и Младинскиот културен центар од Скопје го најавија гостувањето на еден од најквалитетните хип-хоп диџеи и продуценти на сите времиња – Jazzy Jeff, на 22-ри октомври во Денсинг салата на МКЦ.

DJJJ@MKC

Jazzy Jeff е еден од оние диџеи чие име прво ви паѓа на памет кога помислувате на хип-хоп и забава во исто време. Оваа легенда на хип-хоп културата е родена пред 53 години во Филаделфија, каде на 10 годишна возраст за првпат се среќава со магијата на грамофоните. Поради својата младост, на почетокот на својата кариера работел како “bathroom dj”, забавувајќи ја публиката во локалните клубови кога резидент диџеите оделе на пауза во тоалет. Тоа за него не претставувало проблем, бидејќи го користел секој момент да работи на својата техника. За себе вели дека токму таа работна етика во младоста била пресудна да прерасне во пионер на “transformer” и “chirp” scratch техниките, кои за првпат ги среќаваме во 1998 година во мега хитот Gettin` Jiggy Wit It на Will Smith. Тие двајца се запознале на приватна забава во 1985 година и веднаш започнале да работат заедно под името Dj Jazzy Jeff and The Fresh Prince, нешто што подоцна се покажува како пресврт во кариерата на Jeff. Веќе наредната година ја освојува “Dj Competition” наградата на New Music Seminar и потпишува договор со продуцентската куќа Word-Up. Дуото во својата 10 годишна кариера објавува пет студиски албуми, а ќе останат запаметени по тоа што се првите рап артисти кои освоиле Grammy награда во 1989. По распадот на бендот, тој се посветува на својата продуцентска куќа “A Touch of Jazz”, преку која помага во развојот на кариерите на голем број квалитетни музички имиња меѓу кои Eminem, Jill Scott, Musiq Soulchild, Jewel, The Roots, Talib Kweli, Rhymefest и други. Покрај нив, во текот на својата кариера соработувал и со De La Soul, Dj Cash Money, Method Man, CL Smooth, Big Daddy Kane и Raheem Devaughn. Оваа година беше актуелен како еден од судиите на RedBull Thre3Style натпреварувањето, а во октомври за првпат ќе се претстави пред скопската публика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 2 април, преку продажната мрежа на МК Тикетс и билетарата на МКЦ и тоа: рани влезници (во ограничен број) – 350 денари (првите 300 влезници), регуларни влезници – 500 денари и на врата – 600 денари.

Настапот на Jazzy Jeff е најавен во Денсинг салата на МКЦ со почеток во 21 часот. Локална поддршка на Jazzy Jeff  ќе бидат Shorty P, Irie Scratch, Geto Rudi, Druggy и специјалниот гостин од Хрватска – Dj Phat Phillie.

 

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...