10 возбудливи документарци на петтиот фестивалски ден на МакеДокс

23 август 2017 Куршумли Ан

[ ]

 

Даут Пашин Амам 14.00 – 16.00

Предавање со Туе Стин Мулер. Поканети филмаџии: Аудриус Стонус и Саломе Јаши. Прикажување и разговор за одбраните примери од нивните филмови.

TSM

 

Куршумли ан 18.00-20.00 
Под смоква

Аудриус Стонис, Талал Дерки, Ања Медвед

pod_smokva

 

 

 

Св. Спас 18.00 – 20.00
ДИКСИЛЕНД
60’ / 2016/ Латвија, Украина, Германија
Режисер: Roman Bondarchuk

Разбрануваното Црно Море го заплискува пристаништето, сонцето грее, небото е ведро и сино. Детскиот оркестар „Диксиленд“ свири марш, диригентот ги слуша. Се чини дека среќата ќе трае вечно… арно ама, растењето е неизбежно. Одеднаш, станува јасно како ден дека наставникот не е бесмртен и дека другарите си имаат свои планови. Медалите и инструментите светкаат на сонцето, а секое дете си има своја судбина – со или без музика.

 

Куршумли ан 20.00-03.00
20 – 25 август 2017 постојана поставка

Даро Сулакаури

Georgia. Chiatura City. MIneworkers daughters. Sisters love to come to this place of the town of Chiatura. They say they are the only young girs in their neighborhood, everybody runs away from here, they say, planning to head to the capital to study.

Georgia. Chiatura City. MIneworkers daughters. Sisters love to come to this place of the town of Chiatura. They say they are the only young girs in their neighborhood, everybody runs away from here, they say, planning to head to the capital to study.

 

 

Пред Куршумли 20.30
КОГА ЗЕМЈАТА СЕ ЧИНИ ЛЕСНА
75’ / 2015/Грузија, Германија
Режисер: Salome Machaidze, Tamuna Karumidze, David Meskhi

Пустина, палми и скејтери со маички со „Ајрон мејдн“ што „мерат“ сончеви улици, гордо носејќи ги тетоважите како „дневник од кој нема бегање“ – човек би помислил дека е во Калифорнија. Арно ама, не е. Движејќи се од приградски урнатини, како создадени за скејтање, до андерграунд забави и градски метро-станици, овој визуелно силен филм го следи животот на група долгокоси слаби момчиња – единствените скејтери во Тбилиси. Заглавена во главниот грузиски град – прекрасен, а за неа сепак тесен – опколена од верските и советските остатоци од минатото на родителите, оваа нова генерација најрадо би отфрлила сè што е старо и би си создала своја реалност. Прекрасна поема за младите, обоена во боите на меланхолијата и радоста на живеењето.

 

Куршумли ан 21.00
ЗЕМЈА НА ВЕТРОТ
18’ / 2017/ Обединето Кралство
Режисер: Laura Belinky

Возиш ли возиш, и само ветрот е постојан. Тој ги одредува пејзажот, животот, навиките… па, речиси сè тука, во пространата и неверојатно впечатлива празнотија на Патагонија. Патуваме заедно со снимателот  Елисео Мисиу, кој е решен да ја „фати“ подвижната душа на југот на Јужна Америка.

 

Куршумли ан 21.00
ДИКСИЛЕНД
60’ / 2016/ Латвија, Украина, Германија
Режисер: Roman Bondarchuk

Разбрануваното Црно Море го заплискува пристаништето, сонцето грее, небото е ведро и сино. Детскиот оркестар „Диксиленд“ свири марш, диригентот ги слуша. Се чини дека среќата ќе трае вечно… арно ама, растењето е неизбежно. Одеднаш, станува јасно како ден дека наставникот не е бесмртен и дека другарите си имаат свои планови. Медалите и инструментите светкаат на сонцето, а секое дете си има своја судбина – со или без музика.

 

Куршумли ан 22.30
ДЕВОЈКАТА ДОЛУ КАЈ ЕЗЕРОТО
87’ / 2016/ ШВАЈЦАРИЈА
Режисер: Alice Schmid

Дванаесетгодишната Лаура живее на семејната фарма во швајцарските висорамнини, опкружена со животни, среде прекрасна природа. Опседната е со локалната легенда за девојка која наводно исчезнала долу кај езерото, недалеку од фармата. Но, не ѝ паѓа на памет сама да ја проверува вистинитоста на приказната, а летово нема ни деца наоколу. Деновите ѝ поминуваат во гледање птици, помагање на фармата и во друштво на верниот дневник. Дневникот е единственото место каде што може слободно да пишува за својата осаменост, незадоволството од сопствената тежина, за соништата и кошмарите. Еден ден, на фармата ќе дојде да работи едно градско момче. Ќе сака ли да ѝ биде другар и да ја одведе до езерото каде што никој не се осмелува да појде?

 

Куршумли ан 23.00
НЕ СУМ ОДОВДЕ
25’ / 2015/ Чиле, Данска, Литванија
Режисер: Giedrē Žickytē, Maite Alberdi

88-годишната Баскијка Јозебе живее во дом за стари лица во Чиле. Просто е опседната од идејата да го открие потеклото на сите што живеат таму со неа. Сите ѝ велат дека се родум од Чиле, а не од Шпанија. Таа не може да престане да размислува за младоста на баскиско тло. По 70 години поминати во Чиле, сè уште има живи сеќавања за својата татковина, иако едвај разбира дека сега живее на друго место.

 

Куршумли ан 23.00
НОРМАЛЕН АУТИСТИЧЕН ФИЛМ
90’ / 2016/ Чешка
Режисер: Miroslav Janek

Непосреден и внимателен, Лукаш е невообичаено шеговит. Денис е вистински мајстор за пијано. „Малиот Принц“ му е омилена, па постојано ја препрочитува. Мајда сака да рапува и ич нема гајле. Марјамка може да раскажува надолго и нашироко на англиски, а брат ѝ Ахмед е ептен дружељубив. Пет неверојатни деца што општеството упорно ги сведува на „аутистични“. Ова уникатно авторско раскажување нè предизвикува еднаш засекогаш да сфатиме дека аутизмот не е само лекарска дијагноза, туку и фасцинантен начин на гледање на светот.

 

Пред Куршумли ан 23.55
ЖЕНИ ЖЕНИ ЖЕНИ
23’ / 2017/ Хрватска
Режисер: Nikica Zdunić

Седнати во три различни фризерски салони, жени од три различни генерации си муабетат со своите фризерки сосема опуштено, сосема несвесни дека камерата го следи секој нивни збор, гест и движење. Преку нивните разговори, за момент ѕирнуваме во светот на разгалувањето и удоволувањето, слушаме за што сè зборуваат жените додека се разубавуваат и ја задоволуваме љубопитноста што се крие зад прашањето „колку се интимни муабетите помеѓу фризерките и нивните муштерики?“.

7ch0xzl74twgnizqhdo4p7itlut

ЕДНА ОД НИВ
7’30” / 2017/ Словенија
Режисер: Sandra Jovanovska, Helene Thuemmel

Еднаш некој ми ја кажа таа приказна. За куќава, голема вила со прекрасна градина. Не е градина, туку цел парк! Огромен и преубав, со шумички, бамбусови дрвја и егзотични птици. Имотот му припаѓал на некое австриско семејство. А јас познавам некој од тоа семејство.

 

БЛИСКИ ВРСКИ
18’ / 2016/ Полска
Режисер: Zofia Kowalewska

Барбара и Здислав набргу ќе ја прослават својата 45-та годишнина од бракот. Ќе беше прекрасен повод за славење доколку пред осум години Здислав не ја оставеше Барбара за друга жена. Сега тие се повторно заедно, иако Барбара тврди дека да не му ослабнеле нозете, тој сè уште ќе бркал жени низ Краков. И покрај секојдневните препирки, нивната врска и понатаму постои.

 

ДО КАДЕ?
52’ / 2017/ Хрватска
Режисер: Lidija Špegar

Сте  се запрашале ли некогаш кој ве вози додека се возите во такси? Љиљана е млада жена која вози такси во Загреб. Нејзините патници се изненадуваат кога ќе видат жена зад воланот, но ја бендисуваат и се отвораат пред неа. Возејќи се со неа низ градот, ги слушаме муабетите со разни патници: не само што дознаваме какво е хрватското општество денес, туку ја откриваме и нејзината лична приказна, па просто невозможно е човек да не се запраша каде тргнал.

 

Куршумли ан 23.55 Ноќни приказни
BRINA

Од своето формирање во 2003 година до денес, „Брина“ успеа да го најде своето место на светската музичка мапа. Овој словенечки бенд се проби со реаранжирање и осовременување на словенечките народни песни, а низ годините прерасна во ансамбл со свој специфичен израз. Од словенски балади до бучни кафеански и танго-песни, печат им дава мекиот нежен глас на Брина Вогелник. Минатата година „Брина“ го издаде третиот албум „Соблечена кожа“ (Slečena koža), 12 години по првите два „Кучешка легенда“ (Pasja legenda) и „Младо лето“ (Mlado leto).

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...

20.11.2017

На претпоследната вечер од годинашниот „Синедејс“ имавме несекојдневна можност да го гледаме долгометражното остварување едноставно насловено „Хармс“. Се работи за, воопшто, првиот игран филм за ...