Метал настан на сезоната: Kreator, Vader и Dagoba во Скопје

23 јануари 2018 МКЦ Скопје

[ ]

Terrorvoid Promotions го најавуваат метал настанот на сезоната – на 23-ти јануари 2018 во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на европската турнеја на Kreator – Gods of Violence, ќе настапат германските треш-метал легенди Kreator, заедно со полските дет-металци Vader и францускиот грув-метал состав Dagoba.

KVD
После повеќе од 10 години, Kreator повторно доаѓаат во Скопје, овојпат за да го промовираат својот последен албум Gods of Violence! На европската турнеја на Kreator како поддршка се појавуваат Vader и Dagoba. Вокалистот и гитарист на Kreator – Mille Petrozza порачува: „Орди! Не ја пропуштајте оваа ноќ на апсолутна агресија на нашата втора европска турнеја за „Боговите на насилството“! Се гледаме во јамата!“.

Картите за концертот веќе се продаваат на билетарата на МКЦ, како и онлајн на МКtickets! Првите 200 карти ќе бидат по промотивна цена од 1000 денари, наредните 1200 денари, додека на денот на концертот картата ќе чини 1500 денари.

Концертот на Kreator, Vader и Dagoba е во рамките на одбележувањето на десетгодишното постоење на букинг агенцијата Terrorvoid Promotions.

 



Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...