Mooger Fooger со „Татко“ на концертна промоција во МКЦ

23 мај 2018 МКЦ 21:00

[ ]

Mooger Fooger на 23 мај на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје ќе ја претстави концертна промоција на новиот, десетти албумот „Татко“.

мф-мкц

Десеттиот албум, насловен „Татко“ содржи 10 песни. Сниман и миксан е во студио „Тра Ла Ла“, со продуцентот Мите Димовски. На самата промоција ќе може да набави и ЦД од албумот. Влезот на концертот е слободен.

Во создавањето на албумот учествуваа: Сецко Сеад Хаџиќ на гитара и мандочело, Огнен Мангаровски на синтисајзер, пијано , бас гитара и гитара, Сашо Митревски на гитара, Никола Кузмановски на бас гитара, Огнен Златанов на гитара, Џано Куч на тапани и перкусии и Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов, Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини и Џабир Дерала на вокали.

Концертна поддршка ќе биде дуото Мухамед Ибрахими и Ратко Даутовски.

 


19.11.2018

Поетскиот ангажман на Лидија Димковска има една in flagranti конотација која интригира и восхитува. Поетскиот ракопис „Црно на бело“ започнува од едноставен бел стих, а ...

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...