Обнова на АКСЦ: Поддржи aвтономија

23 октомври – 10 ноември, Автономен Културно Социјален Центар

[ ]

„Еднаш, во срцето на бетонската џунгла наречена Скопје, се роди кутија за чевли што дишеше во сите бои. Ја нарековме Автономен Културно Социјален Центар!“

AKSC

Денес, АКСЦ сака да ви каже нешто:
Бевме доволно луди да направиме повеќе од 200 настани во рок од една година. 
Заедно кречевме, гледавме дистописки филмови, дискутиравме за мракот во кој живееме, ја читавме срамежливо својата револуционерна поезија, правевме чудни работилници, понудивме покрив на разни патници кои за возврат ни подарија бесценети приказни. Правевме и ајвар. Ниту едно столче не одговараше со друго, но за сите имаше место! И сето тоа успеавме да го оствариме партизански, волонтерски и со многу љубов која беше незапирлива сила за да се случи сето ова!

Денес, АКСЦ реши да се врати на сцената со нова сила! Но, за да ја качи првата скала ни треба ваша помош!
Кој е пријател на слободарските идеи и автономијата, нека не поддржи со донација или нека го сподели на пријател, за повторно да скроиме еден извор на кислород во нашиот град!

Донирај и поддржи ја идејата на следниот линк.

AKSC1

 

За оние кои не се запознаени со делото на АКСЦ, го приложуваме неговиот манифест:

 

АКСЦ е:
Автономниот културно-социјален центар е алтернативен простор за активизам и независна култура. Слободен, отворен, некомерцијален и непрофитен, АКСЦ е креативен отпор на системот и формите на политичка и економска моќ. Слободна зона за уметничко изразување, критичко размислување, дебатирање и општествено-ангажирано делување. Место за дружење и размена на знаења и искуства.


Вредности и принципи
Утопија во практика или преку практика покажуваме дека подобар свет е можен.
Слобода! Солидарност! Рамноправност! Правда! Заемна помош! Емпатија!


АКСЦ е пријател на:
прогресивните идеи и вредности
борбата за човекови права
природата и живиот свет
послабите и маргинализираните


AКСЦ е непријател на:
политичката манипулација и партиските интереси
расизмот
национализмот
хомофобијата
сексизмот
верската нетолеранција
секој вид на насилство и експлоатација


Начин на функционирање
Во АКСЦ нема хиерархија. Одлуките се носат врз принципите на директната демократија, односно секој/а е вклучен/а во носење одлуки и преземање обврски. Принципот на функционирање е самоодржливост и самоорганизација. Како некомерцијален и непрофитен простор опстојува од ентузијазмот и волонтерската работа на поединци како и од индивидуални донации и од донации од организации кои промовираат слични вредности и принципи.
АКСЦ самостојно одлучува како ќе ги промовира своите вредности и какви настани можат да бидат организирани во просторот.


Активности
Настаните кои се организираат во АКСЦ се непрофитни и некомерцијални. Спектарот на настани и иницијативи е широк; еве дел од нив: изложби, филмски проекции, дебати, работилници, обуки, предавања, промоции, перформанси, состаноци и друго.
АКСЦ има и библиотека.


Цели
Поттикнувањена духот на самоорганизирањето, солидарноста и подигнување на самодовербата на сите оние што сакаат да бидат креативни, општествено одговорни и ангажирани – менување на конвенционалните концепти, идеи и носење нови и прогресивни. Сакаме да ја развиеме критичката мисла, да овозможиме простор за размена на идеи и знаења, развој на независната културна сцена, поддршка на граѓанскиот и самоникнат (grassroots) активизам и општествено маргинализирани групи. Главна цел на АКСЦ е низ неговото работење да покаже дека е можен различен свет кој ќе почива врз вредности поинакви од моментално етаблираните.

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...