Промоција на новиот албум на Горан Трајкоски - „Тешкиот глас на новите химни“

24/11/2017 Ап(о)тека МКЦ 12:00

[ ]

Младинскиот културен центар ве повикува на промоција на новиот албум на Горан Трајкоски – „Тешкиот глас на новите химни“ на 24 ноември во продавницата за плочи Ап(о)тека во МКЦ во 12 часот.

Долгоочекуваниот албум на Горан Трајкоски – „Тешкиот глас на новите химни“ е снимен неодамна во скопското Тралала студио и ќе се појави како издание на Младински Културен Центар во це-де формат. По Сарацени, Падот на ВизантијаМизарАпореа и Анастасија, а годиниве и ангажмани на полето на театарскатра музика, Трајковски реализира соло издание кое го најави со песната „Глас од татковината“, за која музиката ја напиша самиот Горан Трајковски на стихови на македонскиот поет Коле Неделковски.

На оворената промоција албумот ќе се продава по промотивна цена, а воедно ќе можете да купите и карта за промотивниот концерт кој ќе се оддржи на 15 декември во Кино Фросина.

 

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...