МКЦ за СКопје

25-26 јули, Младински културен центар, Скопје

[ ]

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да се потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во два дена.

MKC-SK1

Вечерва во МКЦ е посветена на првата македонската поетеса Даница Ручигај, која трагично загина во земјотресот на 26 јули 1963. Даница Ручига е авторка на антологиските стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ и основоположничка на тнр. женско писмо во современата македонска поезија и литература. Во нејзина чест ќе бидат промовирани книгите „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ и „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов. Промотори на книгите се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Александар Прокопиев. По промоцијата ќе бидат прикажани и документарните филмови посветени на Даница Ручигај „Поетот живее и по смртта“ (1993) и „Соновите не заспиваат“ (2016) на новинарите на Македонската телевизија – Соња Драгољуб Гиздавиќ и Катица Трајковска – Абјаниќ. За музичкиот дел, пак, се задолжени Александар Прокопиев и Сашо Гигов – Гиш.

 

danica_rucigaj

 


Програма за 26 јули започнува во 
20 часот со отворањето на изложбата на Димитар Аврамовски Пандилов во Галерија на МКЦ, додека во фоајето на МКЦ, во организација на ЈУ Конгресниот центар Александар Македонски ќе  биде одржана и фотографска изложба на Вацлав Шваб, проект од програмата на ЕКОК Плзен 2015, Република Чешка, документарниот филм Messages from the Border (68`) во режија на Ксубан Интксости, проект од програмата на ЕКОК Сан Себастиан 2016, Шпанија. Програмата предвидува и фотографски инсталации – „Јас, ти и градината, фотографии на отворено“, со фотографите Ан Д`Гела, Максим Делво, Герт Д` Теје, Алан Брејер, проект од програмата на ЕКОК Монс 2015, Белгија.

На платото на МКЦ во 22:30 следат концертите на RIB, Sweet Rapscallions, Anna O. и Mark Olson & Ingunn Ringvold (САД).

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...