Cenotaph, Born for Slaughter и Gargoyles утре во Бла Бла клуб

25 август 2017 Бла Бла клуб

[ ]

Бла Бла клубот го најави гостувањето на едно од најголемите имиња на светската brutal death metal сцена, четворката од Анкара, Турција – Cenotaph. Локалната поддршка ќе ја пружат Born for Slaughter и Gargoyles. Концертите се закажани за утре, 25 август во Јавниот алтернативен простор „Бла Бла клуб“ со почеток во 20 часот.

C_G_BFS.1

Cenotaph се формирани од вокалист Бату Четин во летото 1994 година, со една и единствена намера – да ја свири најбруталната музика што било кога се свирела во Турција и во светот воопшто. По разните промени во составот на бендот, во 1995 го издаваат своето прво демо “Life Immortal”. Следува и второто демо «promo tape 96». Токму овие песни беа испратени до многу андерграунд етикети, фанзини и списанија. «promo tape 96» доби одлични повратни одговори и од печатените етикети и фановите. Со оваа демо, технички звукот на групата стана брутално помирен и постегнат.

Во летото 1996 година, Cenotaph влезе во студиото Yesilkart во Истанбул за да го сними својот деби албум со 8 песни – Voluptuously Minced. Со оваа снимка добија понуди од неколку етикети надвор од Турција, но тие претпочитаа да одат на Hammer music и како што се очекуваше, предизвика голем интерес и беше дистрибуиран во CD формат со различни етикети во приближно 25 земји. Cenotaph во меѓувреме работеше на нови песни и продолжи со настапите. Во 1998 бендот го реализираше својот втор албум Puked Genital Purulency, снимен во инстанбулското Studio Forte. Албумот сè уште се смета за еден од најдобрите изданија на deathgrind-от. Третиот албум, снимен во 2003 – Pseudo Verminal Cadaverium доби многу позитивни критики од светската сцена, претставувајќи го на голем број концертни и метал-фестивалски настапи. Нивниот 4-ти албум Reincarnation in Gorextasy беше направен во германското Iguana studios и објавен во летото 2007 американската Unmatched Brutality Records и турската етикета Atlantis Music. Во 2010 година бендот го издава и својот 5-ти долгосвиречки албум Putrescent ınfectious Rabidity, потпишувајќи договори со американската Sevared Records и руската Coyote records.

На штотуку најавената европска турнеја, Cenotaph ќе го претстават своето последно издание Perverse Dehumanized Dysfunctions. Бендот настапува во состав: Batu Cetin – вокали, Alaican Erbas – тапани, Erkin Ozturk – гитара и Cihan Aakun – гитара.

Концертот на Cenotaph ќе го отворат домашните Born for Slaughter и Gargoyles. Влезницата е 300 денари. Концертот стартува точно во 20 часот.


05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...