Fighting Windmills со свиречка промоција во Менада

26 април 2018 Менада 21:00

Издавачката куќа Шарла ја најави свиречката промоција на петтиот албум на Fighting Windmills – An Exercise in Surprise која ќе се случи на 26 април во клубот Менада во Скопје.

FWP

За новиот издавачки зафат, Шарла најавува: „Како некаков скопски ‘fool on the hill’, комплексни и автентични (ма налудничаво свои) и во паметен конфликт со редот и мирот, оваа петорка веќе десетина години ја чува котлината од силно размножените културно-рекреативни штеточини во воздух и на земја. Тајни херои се тоа, драги.“

Свиречката промоција на новиот албум на Fighting Windmills со лусузно це-де издание ќе се одржи на 26 април, четврток, во адаптираниот амбиент на клубот Менада во Старата скопска чаршија.