Концерти на Yva & The Toy George во „Ако никој не свири“ и „Ла Кања“

26 август @ Канал 103, 27 август @ Ла Кања

Yva & The Toy George е соло проект на Ива Станишиќ, музичар и продуцент од Белград, која веќе долги години живее и работи во Рим, Италија. Создава непредвидлива електронска музика за танц отворена за разноразни влијанија. Од електро и техно, преку панк и хип-хоп, па се до афро-латино ритмика и балкански и ориентални звуци. Паганската поп егзотика и нејзината харизматична сценска појава се отворена покана за журка.

Yva & The Toy George - photo 1

Дел е од повеќе бендови и проекти кои се дел од независната италијанска музичка сцена, како Le Truc und Die Maschine  и Invasioni Balcaniche. Неодамна го објави нејзиниот втор албум “Slavia Divinorum“, за српската етикета Mascom.

Концертите кои се дел од нејзината балканска турнеја се во организација на Задруга 5060 од Скопје.