„Уметникот како инспирација“ - предавање на Челзи Петит

26 октомври 2017 Музеј на современата уметност

[ ]

Предавањето „Уметникот како инспирација“ на Челзи Петит ќе се одржи во Музејот на современата уметност на 26-ти октомври, со почеток во 19 часот.

chelsea-pettitt

Предавањето „Уметникот како инспирација“ се однесува на мисијата на Wysing центарот за современа уметност, која ги препознава уметниците како двигатели на современото општеството, како и на посветеноста на центарот за обезбедување време и простор што се потребни за уметниците да можат да направат увид во нивната пракса и улога во поширокиот уметнички меѓународен контекст. Таа ќе се осврне на тековниот уметнички сектор во Велика Британија кој повеќе од кога и да е се стреми да ги поддржи уметниците со разновидно потекло и во различнен развој во нивната кариера, да развијат можност за споделување на нивните идеи и истражувања и пошироко. Акцентот е ставен на стратегии на експериментирање и преземање ризици, како и создавање на мрежи за поддршка преку воспоставување на национални и меѓународни партнерства и соработки што придонесуваат кон создавање на иновативна и експериментална уметност. Челси Петит, исто така, ќе ја претстави платформата Arts in Conversation.com што таа ја разви со намера да поттикне интеркултурен и интердисциплинарен разговор помеѓу уметниците и други чинители во процесите на културно истражување.

Челси Петит која на покана на Проектниот простор Прес ту Егзит во Музејот на Современа Уметност во Скопје ќе одржи предавање за пошироката публика, ќе има можност да се запознае со креативната сцена во градот. Инаку нејзиното гостување е прво во серијата на предавања и презентации кои МСУ ги предвидува за наредниот период и кои имаат за цел да придонесат кон развојот на дискурзивната и критичка мисла во контекст на современата уметност, кураторството и теоријата.

Челзи Петит (Chelsea Pettitt) е раководител на партнерските програми во Wysing Arts Center, близу Кембриџ. Таа работи на неколку проекти вклучувајќи го и проектот New Geographies проект од програмата Источна модерна визуелна уметност (ECVAN), кој се состои од десет нови пограноци низ Источна Англија, како и програмата Силабус, едногодишна алтернативна едукативна програма за уметници во партнерство со шест институции низ цела Англија. Родена е во Калифорнија, а по едно годишен престој во Пекинг во 2006 година, Челзи во Велика Британија студира уметност и антропологија на Goldsmith’s College во Лондон. Работела во галеријата Hayward и во Hayward Touring, каде што курирала и организирала низа изложби низ Велика Британија, вклучително и изложбите, на Mark Leckey „The Universal Addressability of Dumb Things“ (2013), „A Universal Archive: William Kentridge as Printmaker’“ (2012-2014) и групни изложби како „Move: Choreographing You“ во Кореjа и Германија и „British Art Show 8“ во соработка со 8 институции во Велика Британија. Во 2014. таа е добитник на Jonathan Ruffer Curatorial Grant доделен од Art Fund со намера да ја истражи современата уметничка сцена во Тајван, а од скоро таа започна да работи на независниот проект Arts in Conversation.

wac

Уметничкиот центар Wysing се наоѓа во близина на Кембриџ, Велика Британија. Центарот развива низа програми за уметничко истражување, експериментирање, и производство, вклучувајќи уметнички резиденции, изложбени програми, јавни настани и едукативни програми. Програмите на центарот нудат можности за размена на знаења и ја преиспитуваат улогата на уметноста, уметниците и уметничките организации во општеството, функционирајќи како подлога за тестирање на нови идеи кои произлегуваат од уметничкиот мејнстрим и се развиваат преку широки мрежи и партнерства на регионално, национално и меѓународно ниво. Мисијата на центарот е обезбедување простор, поддршка и финансии што ќе им овозможат на различни профили на уметници да ги развиваат своите идеи. Центарот продуцира јавни програми што се однесуваат на широк спектар на интереси и можности за пристап до современата уметност. Јавните програми стремат да ја рефлектираат комплексноста на современиот живот третирајќи теми и истражувања што се однесуваат на прашања поврзани со расата, полот, екологијата, општествените прашања и алтернативните едукациски и образовни структури. Својата програмска содржина Wysing ја базира на ресурсите на соседниот Универзитет Кембриџ, како и на нејзините значајни алумни кои ги вклучуваат добитниците на наградата Turner и уметниците добитници на престижната награда Paul Hamlyn.

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...