Концерт на Ukryte Zalety Systemu и Przepych

26 октомври 2018 Ла Кања 21:00

[ ]

Како дел од нивната балканска турнеја, вечерва во клубот Ла Кања во старата скопска чаршија, ќе настапат UZS – Ukryte Zalety Systemu и Przepych (Укруте Залети Систему и Пчепих), бендови кои доаѓаат од Вроцлав, Полска.

uzspp

UZS – Ukryte Zalety Systemu свират пост-панк натопен во new wave и cold wave влијанија. Нивниот комплексен звук е сочинет од соголени ритмички патерни, бурни бас линии, деспотски тапани, остри гитари и минималистички синтови. Експериментална, но сепак танцувачка музика. Пеат на мајчин јазик. Лириката е истовремено рефлексивна и социјално ангажирана.  Нивниот истоимен деби албум кој излезе во 2015 година, се најде на списокот на најдобри нови изданија во престижниот магазин Maximum Rock’n’Roll.

 


Przepych
се инструментално дуо (гитара, тапан, електроника) кое ги истражува сопствените ограничувања, содавајќи доблест од недостатокот.  Користејќи ги најмалите достапни средства, тие имаат за цел максимизирање на експресивната моќ. Нивните композиции се музички дијалог, непредвидлив, но длабоко човечен.  Понекогаш тоа се пот и солзи, понекогаш мисла и умереност. Далечни еха од This Heat, Post-Punk и No Wave.. “Нивната музика е како посета на забавен парк во благо наркотизирана состојба“.

 

Настанот е во организација на Задруга 5060 од Скопје.

 

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...