Laibach со концерт во Скопје

27 март 2018 МКЦ 20:30

Laibach со концерт во Скопје на 27-ми март го претставуваат фантастичниот нов албум Also Sprach Zarathustra пред македонската публика. По три години, една од највлијателните групи од екс-југословенските простори со убедливо најголем меѓународен успех, се враќа кај нас и тоа првпат во МКЦ, во многу поинтимна атмосфера од било кога досега.

L@MKC

Музиката од новиот албум, Laibach ја компонираше за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“, основана на едно од најзначајните филозофски дела на Фридрих Ниче, а која ја режираше Матјаж Бергер во Антон Подбевшек театарот во Ново Место, Словенија. Скопскиот концерт е во рамки на европската турнеја за овој албум, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги изведувале со години.

Влезниците за концертот на Laibach можете да ги набавите на МкТикетс, „раните“ влезници од 500 денари се веќе распродадени, престануваат уште промо-влезниците од 600 и стандард влезниците од 700 денари. Сите категории на влезници се ограничени на само 300 билети.